Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Како се создава магија на сцената: Промоција на „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски на ФДУ

(Фото: лична архива на Горан Стефановски)

Драмските текстови Горан Стефановски до денес никогаш не биле одиграни на албански јазик, дури не се ни преведени. Единствен текст кој е преведен и издаден на албански јазик е „Демонот од Дебар Маало“ во превод на Милена Селими, кој доживел и сценскo читање во Тирана, Албанија.

На 12 април (среда), со почеток од 19:30 ч. на Академската сцена на ФДУ ќе биде промовирана „Мала книга на стапици“ на Горан Стефановски (1952-2018), издание на Книжарница ТРИ.

Промотори на овој необичен учебник-водич низ класичните драматуршки „стапици“ во пишувањето драми се драмскиот писател Сашко Насев и актерката Весна Петрушевска. Настанот е организиран во рамки на манифестацијата „Тетовирани импресии“ што ФДУ Скопје му го посветува на Стефановски.

„Оваа книга е малечок алат, инструмент кој можете да го користите на ваш начин. Алатот, се разбира, не работи сам по себе. Тој мора да се користи за да биде корисен, и мора да се научи како да се користи. Овој ’драматуршки‘ инструмент нема да напише драми за вас, но може да ви помогне вие да напишете драми. Алатот е едноставен, но тој се користи за создавање сложена магија“, пишува Горан Стефановски во „упатството за употреба“.

Споменикот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Веднаш по промоцијата следи приказот на сцени од „Демонот од Дебар Маало“ од Горан Стефановски за првпат на албански јазик.

Играат Илка Нуредини, Бејтула Ќерими и Мелика Кастрати; изборот на костими е на Сара Широки, а на музиката на Албин Сопа. Претставата е на албански јазик со титлуван превод на македонски јазик.

Куроизитет е што драмските текстови Горан Стефановски до денес никогаш не биле одиграни на албански јазик, дури не се ни преведени. Единствен текст кој е преведен и издаден на албански јазик е „Демонот од Дебар Маало“ во превод на Милена Селими, кој доживел и сценскo читање во Тирана, Албанија. При тоа, постојано се воделе и се водат разговори и иницијативи за да се постават негови текстови на некои од албанските театри, во земјава и странство, но поради нејасни причини до сега ништо од тоа не е реализирано, посочуваат од „Тетовирани импресии“.

Организаторите веруваат дека по оваа претстава ќе се зголеми интересот и ќе дојде до театарска продукција на албански јазик на некој од текстовите на Горан Стефановски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира