Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Независни од другите, моменти за паметење и иднина зависна од сопствените одлуки

Денот на независноста е еден од најсветите и најсветлите датуми од историјата на Македонија. Во јубилејот 30 години независност е собрана нашата историја, нашите надежи, нашите сеќавања, нашите остварени стремежи.

На генерациите што го сведочеа чинот на независноста им припадна историската чест и одговорноста да ја чуванме независноста и да ја зачуваме и развиваме македонската држава. Држава која се создаде низ вековна праведна борба и како држава која достоинствено и без насилство ја освои и својата независност.

Со угледот и со изборот на стратешките интереси Северна Македонија земја се стекна со доверба за да биде посакуван стратешки партнер на најголемите земји од западноевропскиот демократски цивилизациски свет. Независни од другите низ 33те години независност имавме моменти за паметење, и добри и лоши, и стоиме пред иднина иднина зависна од сопствените одлуки.

Знамето на Република Северна Македонија се крева пред седиштето на НАТО во Брисел

Оваа година Денот на независноста се одбележува под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“.

Со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на независноста – 8 Септември.

Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески.  Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар.

Во рамките на свеченоста ќе биде прикажан и специјално подготвен пригоден видео спот од прославата на независноста кое вклучува архивски материјали од Референдумот во 1991 година.

На крајот од свечената програма, со говор ќе се обрати Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Настанот, како што најавуваат од владината прес-служба, е дел од пошироката иницијатива на Владата за подигање на свеста за значењето на независноста и заедничката борба на граѓаните за подобра иднина.

По повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независнота на Република Северна Македонија, собраниска делегација предводена од потпретседателката Весна Бендевска, составена од пратениците Каролина Насковска и Митко Трајчулевски, денеска ќе положи венци свежо цвеќе пред вечното почивалиште на првиот претседател на Републиката, Киро Глигоров, вечното почивалиште на поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски, вечното почивалиште на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев и пред Споменикот на паднатите борци на НОБ.

Активностите стартуваа синоќа со почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје.

По повод 8 – Септември, денот на независноста на Република Северна Македонија, утре во касарната „Илинден ќе се изврши почесна артилериска стрелба.

Пред 33 години на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година, монетарното осамостојување и  воведувањето на денарот на 26 април 1992, формирањето на сопствени вооружение сили. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците од страна на Грција, која не го прифаќаше уставното име на Република Македонија, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија.

Низ 33-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Троцифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат.

Спорот со Грција поради името, по долгогодишни разговори под покровителство на Обединетите нации, конечно беше решен на 17 јуни 2018 година во Преспа со попишување договор меѓу двете држави. Со тоа се отвори патот на земјава кон НАТО и ЕУ. На 27 март 2020 година Северна Македонија стана 30 членка на НАТО. Како земја кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со добиена прва препорака за почеток на преговори во 2009 година, државава сега се соочува со блокада од Бугарија.

Најново