Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пораката од последниот есеј на Горан Стефановски преведена на албански јазик

Сабина и Сара Џелили, членки на македонското друштво „Илинден“-Тирана

Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во рамки на добрата соработка со македонското друштво „Илинден“-Тирана, преку видео-запис ја пренесуваат пораката од неговиот последен есеј „Искра што се измолкнува“ од Горан Стефановски, во превод од македонски на албански јазик.

Пораката ја пренесуваат Сабина и Сара Џелили, членки на македонското друштво „Илинден“-Тирана.

-Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ’рбетот на нашиот идентитет – Горан Стефановски

Të gjitha krijesat e gjalla lindin me instinkt mbijetese. Për të mvijetuar, merimangat thurrin rrjetë. Për të mbijetuar, ne thurrim histori. Për ne nuk ka asgjë më të rëndësishme se këto histori. Ata janë thelbi i jetës sonë, shtylla e identitetit tonë – Goran Stefanovski

Сара и Сабина потсетуваат и на корените на фамилијата Стефановски, кои потекнуваат од пограничното село Ербеле, на албанско–македонската граница, кај Дебар.

-Ние, Македонците од Албанија го чуваме споменот за големиот Горан Стефановски, не заборавајќи на неговите корени. Затоа што тие се овде, во селото Ербеле, во областа Поле, Маќелара, преку планината спроти манастирот Св. Јован Бигорски. Од тука се неговите баба Алтана и дедо Стрезо, кои се доселиле во Дебар Маало во Скопје и изградиле една од првите куќи таму, по протерувањето што го доживеале, велат во својата порака, Сабина и Сара.

Тие се надеваат дека заложбите ќе резултираат со остварување на иницијативата на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, повторно да се отвори Лекторат по македонски јазик, кој функционирал до пред десет години.

Откако ќе се отвори лекторатот по македонски јазик во Тирана, посакуваме да се случат и нови преводи на севкупното творештво на Горан Стефановски, кои ќе ги направат оние кои овде, на Факултетот за странски јазици ќе го учат македонскиот јазик. Интересот е голем, велат во својата порака членките на македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

Пораката на нашиот Горан, додаваат од друштвото, нека го обиколи светот, нека му донесесе нова светлина и нека го поттикне да ја прочита и чуе нашата приказна.

Треба да знаете
Moже да ве интересира