Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Празнувањето на 1 Мај во Македонија низ историјата

Празнување на 1 Мај во Скопје во 1909 година
Празнување на 1 Мај во Скопје во 1909 година

1 Мај, Меѓународниот ден на работниците, ја одбележува историската борба на работниците за своите права ширум светот и е признат во повеќето земји. Борбата за осумчасовниот ден започна во 1860-тите.

Во глобални рамки, 1 Мај како меѓународен ден на трудот е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Од историски аспект, празникот е во корелација на левичарските учења и теории, како што се марксизмот и анархизмот, кои тежиштето го поставуваа врз работниците како носители на општествено-политичките текови.

Празникот се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот од мај 1886 година во Чикаго, штрајк што бил организиран за воведување осумчасовен работен ден. Но поради употреба на сила од страна на безбедносните сили имало жртви, а подоцна организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле погубени. Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала (меѓународна организација на социјалистички и работнички партии) на својот основачки конгрес во 1889 година донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај за подобрување на својата положба.

Истата година, во 1889 година, Меѓународната социјалистичка конференција прогласи дека, во спомен на аферата Хејмаркет, 1 мај ќе биде меѓународен празник на трудот,  познат и како Меѓународен ден на работниците.

Не постои некој конкретно потврден настан или датум според кој може да утврди дека токму од тогаш почнува да се празнува или организирано да се чествува 1 Мај во Македонија.

Васил Главинов

Сепак, од различните историски архивски извори, концептот за унапредување на работничките права, како и одбележувањето на 1 Мај во тој дух, во македонската историја на голема врата влегува преку активностите на Васил Главинов, еден од првите македонски социјалисти и организатор на работничкото движење во Македонија и левичарската групација што гравитирала околу него, групација позната како Македонска социјалистичка група (МСГ) или Македонска работничка социјалистичка група (МРСГ).

Главната активност на Главинов и неговите приврзаници била насочена кон ширење на левичарската идеологија меѓу многубројната македонска емиграција во Бугарија, како и во Македонија. Оттука, се смета дека Македонска социјалистичка група за првпат во 1896 година го одбележала 1 Мај како меѓународен ден на трудот. Меѓутоа членовите на МСГ, тргнувајќи од ставот дека без национално ослободување нема ни економска слобода, празникот го поврзале со македонскста револуционерна борба и се залагале за ослободување на Македонија. Тоа е особено видливо во нивните слоганите „Македонија за Македонците“ или „Ослободувањето на Македонија е работа на Македонците“.

Постојат и други извори за одбележување на 1 Мај како празник на работниците и на трудот во Македонија

Во една објава на Сојузот на борците од Битола, 1 Мај започнал да се одбележува во битолско од крајот на 19. век. Се наведува деја во битолско празникот 1 мај е одбележан во 1898 година, од група македонски социјалдемократи. При тоа еден говорник зборувал за историското значење на празникот, за борбата на работниците за осумчасовен работен ден, за економското и за политичкото ропство. Празнувачите ја декларирале својата братска солидарност со меѓународната интернационала и ги повикале сите работници под знамето на социјалдемократската партија.

1909, 1 Мај во Скопје

За прв фотографски запис од прославата на 1 Мај во Скопје се смета оној од 1909 година, кога првомајскиот празник бил одбележамн додека во градот се уште владеела Османлиската власт.

Истата година, во 1909, 1 мај бил одбележан и во Куманово и се смета дека за првата прослава на празникот во Куманово. Поголемиот дел од луѓето биле членови на Кумановската револуционерна организација, а меѓу нив имало шивачки работници, чевларски работници, интелектуалци, калајџии, млекари и други.

1 Мај, 1909, Куманово

Во периодот меѓу двете светски војни, во организација на македонските комунисти, празникот 1 мај редовно и масовно се чествувал. Исто така, во време на антифашистичката и националноослободителна борба, партизанските единици редовно го одбележувале меѓународниот ден на трудот.

Во времето на Социјалистичка Република Југославија (СФРЈ) и Социјалистичка Република Македонија (СРМ) 1 мај бил најзначајниот државен празник и масовно се чествувал.

Р. Р.

Треба да знаете
Moже да ве интересира