Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Гласот за СДСМ на овие избори е глас за повисоки плати и за повеќе почит кон достоинството на работникот

Бојан Маричиќ, прв вицепремиер задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ во честитката по повод 1 Мај, меѓународниот ден на трудот и ден на работникот, посочува дека „денес работниците се многу повеќе ценети и многу повеќе платени наспроти времето пред 2017 година“.

„Вложивме многу во реформи, во мерки, во политики со кои платите во сите сектори пораснаа за 50 до 100%. И ќе растат уште повеќе. А не се само платите, туку и регрес К-15 за сите, недела неработен ден, решен статус на 14 илјади стечајци, дијалог и решенија со синдикатите“, напиша Матричиќ во својата објава на социјалните мрежи.

Тој истакнува дека „гласот за СДСМ на овие избори е глас за повисоки плати и за повеќе почит кон достоинството на работникот“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира