Доналд Трамп и Владимир Путин денеска разговараа по телефон.
„Само што го завршив двочасовниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Верувам дека помина многу добро. Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот, и уште поважно – за крајот на војната. За тоа ќе се преговара меѓу двете страни, бидејќи само така може – тие ги знаат деталите од преговорите што никој друг не може да ги знае. Тонот и духот на разоговорт беа одлични. Да не беа, тоа би го рекол веднаш а не покасно“, рече Трамп.
Русија сака екстензивна трговија со САД откако ќе заврши ова катастрофално „крвопролевање“ и јас се согласувам со тоа. Има огромна можност Русија да создаде огромен број работни места и богатство. Нејзиниот потенцијал е неограничен. Исто така, Украина може да биде голем победник во трговијата, за време на реконструкцијата на својата земја.

„Преговорите меѓу Русија и Укарина ќе започнат веднаш. За тоа го информирав и украинскиот претседател Володомир Зеленски, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, Џорџа Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц и финскиот претседател Алексатнар Стуб, сите ми се обратија веднаш после рлазговорот со претседателот Путин. Ватикан, кој го претставува папата, изрази голем интерес за разговорот. Процесот нека почне!“, напиша Трамп.