Таравари се јави на фб: Победуваме на локални избори, АА е посилна од било кога

Арбен Таравари преку Фејсбук статус објави дека е горд на излегувањето на Алијансата за Албанците (АА) од Владата и порача дека ќе победат на локалните избори во октомври.

Во статусот вели дека АА е посилна од кога било иако некои се обидуваат да ја прикажат како поделена.

„Горд сум на секој од вас што е дел од Алијансата за Албанците, горд сум на сите вас што цврсто стоевте при нашето излегување од Владата. На оние кои се обидуваат да нè прикажат како поделени, ви велам – вашата серија не е успешна, гордо сме посилни од кога било. Не заборавајте ние сме победниците во октомври“, напиша Таравари на својот фејсбук профил.

Зачлени се на нашиот е-билтен