Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тијана Дапчевиќ: Јас сум на страната на правдата и младите, казна за виновниците од Нови Сад

Во објавата на Инстаграм познатата естрадна уметница Тијана Дапчевиќ ја објаснува ситуацијата во која беше ставена без нејзино знаење за време на еден настан во Белград минатата недела, после кој беше обвинета дека не ги оправдува протестите во Србија поттикнати од барањето правда за жртвите и одговорност за виновниците за трагедијата во Нови Сад кога се сруши натстрешницата на железничката станица која усмрти 15 луѓе.

„Постојат ситуации за кои е отповеќе секој обид за оправдување, колку и да има основа за нешто такво. Настанот во неделата беше еден таков. Многу ми е жал што се случи да излезам на сцената со текст, ко, без мое знаење, бил изменет во последен момент“, напиша Тијана Дапчевиќ на социјалните мрежи.

Таа потенцира дека и вели: „Уште повеќе жалам што тоа беше причина да се помисли дека моите ставови се спротивни на ставовите на оние кои бараат соодветно да бидат казнети вистинските виновници за смртта на 15 невини луѓе (Нови Сад)“.

„Отсекогаш сум била и ќе бидам на страната на вистината и правдата. Посебно во моментите кои за тие две доблести на човечкиот род се борат нашите потомци од кои ја позајмивме оваа земја“, нагласува во објавата на социјалните мрежи Тијана Дапчевиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен