Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео] Разобличен обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ја убеди јавноста дека во Преговарачката рамка не е наведен македонскиот јазик

Во Преговарачката рамка дословно стои дека „преводот на acquis на македонски јазик“ е неопходен услов за Македонија, а Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека тој не се споменувал

Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, во дебатата со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер, Бојан Маричиќ на „Топ тема“ на Телма во понеделникот тврдеше прилично неуспешно, па дури и пропагандно наивно, дека македонскиот јазик не бил споменат во Преговарачката рамка со ЕУ.

Ситуациите изгледаа смешни, но во суштина беа лажни вести за да се доведе во заблуда јавноста.

Во Преговарачката рамка дословно стои дека „преводот на acquis на македонски јазик“ е неопходен услов за Македонија, а Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека тој не се споменувал.

Од приложеното во видеото е јасно дека македонскиот јазик стои во Преговарачката рамка. На крајот од третата точка од изјавата на ЕУ за отворање на пристапните преговори со Македонија е напишано ова:

„Во однос на преводите на acquis на македонски јазик, ЕУ ги забележа соодветните еднострани декларации на Бугарија и Северна Македонија“.

Веднаш потоа, во точката 4, стои ова:

„Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат суштински елементи на процесот на проширување. Северна Македонија треба да продолжи конструктивно да се вклучува во инклузивна регионална соработка и зајакнување на односите со соседните земји.

Денес се потсетуваме на важноста од постигнување опипливи резултати и имплементација со добра верба на билатералните договори, вклучително и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедските односи со Бугарија“.

Подолу, во Преговарачката рамка, во делот „Суштина на преговорите“, на крајот од точка 22, е напишано ова:

„Северна Македонија ќе треба да направи преводи на acquis на македонски јазик добро време пред пристапувањето, и ќе треба да обучи доволен број преведувачи и толкувачи потребни за правилно функционирање на институциите на ЕУ при нејзиното пристапување“.

Не само што се споменува македонскиот јазик, туку „преводот на acquis на македонски јазик“ е еден од неопходните услови.

Треба да знаете
Moже да ве интересира