За првпат Ромка е член на албанската Влада

Ина Мајко со Еди Рама
Ина Мајко со Еди Рама

 Првпат во историјата на Албанија припадничка на ромската заедница стана дел од владин кабинет.

– Станува збор за Ина Мајко, која е најновото име во на владиниот кабинет, како заменик министерка за здравство и социјална заштита. Таа е родена во Делвина, а се школувала во Тирана и Италија. Таа е активист за човекови права и сега е вклучена во политиката.

Премиерот Рама за време на изборната кампања, најави дека доколку кандидатката Мајко, не успее да го обезбеди мандатот за пратеник во Изборната единица Валона, ќе биде дел од неговиот кабинет, што и го реализира.

Мајко, дел од ромската заедница и позната како активистка за нивните права, ќе биде додадена вредност во Владата, но и поголема поддршка за семејствата и децата, напиша Рама на Фејсбук, објавувајќи ја веста.

Тој додаде дека приказната на Мајко треба да послужи како мотивација за многу млади луѓе кои веруваат во своите соништа.

Приказната на Ина Мајко е приказна за дете кое растело среде предрасуди и големи економски тешкотии и приказна за талентирано девојче, полно со енергија и решителност за успех, кое не само што ги заврши студиите во странство со високи резултати и зборува пет странски јазици, туку стана и прекрасен глас на својата заедница, наведе Рама.

Покрај Мајко, премиерот најавува и други новини во конфигурацијата на Владата „Рама 4“, навестувајќи дека „следната влада ќе има сплет од искуство и нови личности, во исполнување на целта за Албанија 2030 во Европска Унија“.

Зачлени се на нашиот е-билтен