Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„WAF“ – фестивалот на најдобрата нова архитектура во светот низ фотографии

Национална опсерваторија на Кипар

Луксузен хотел во Дубаи, вселенска опсерваторија во Кипар и контролен центар на турска соларна централа се меѓу повеќе од 220 проекти кои се во потесниот избор за посакуваната награда Светска зграда на годината, пишува Си-Ен-Ен.

Опфаќајќи 18 категории, од домување и канцеларии до здравствени установи и спортски објекти, потесниот избор беше објавен од организаторите на годишниот Светски фестивал на архитектурата (WAF).

Други значајни згради на овогодинешниот потесен избор ја вклучуваат новата австралиска амбасада во Вашингтон и неодамна проширениот Терминал 2 на аеродромот Чанги во Сингапур.

Сите финалисти ќе ги претстават своите проекти на 17-тото издание на фестивалот овој ноември. 175 делегати ќе гласаат за победниците во категориите, кои потоа ќе се натпреваруваат за титулата.

Минатогодишната најголема награда му беше доделена на интернат, во кинеската провинција Zhejiang, кој има парк на покривот, куќички на дрвја и издигнати патеки кои формираат „пловечка шума“. Претходните победници на Светската зграда на годината го вклучуваат Националниот музеј на уметностите на XXI век дизајниран од Zaha Hadid во Рим, електрана за енергија од отпад со скијачка патека на покривот во Копенхаген и „надградената“ кула Quay Quarter во Сиднеј, која на локацијата задржа две -третини од стар облакодер.

Скролајте надолу за да видите избор од овогодинешните номинирани.

Дизајниран од американските архитекти Kohn Pedersen FoxAtlantis The Royal Hotel долг 500 метри во Дубаи. 2024 World Architecture Festival
„Плетената“ надворешност на Texoversum, новиот план за проширување на кампусот на Универзитетот за применети науки Ројтлинген во Германија, ја одразува функцијата на зградата како центар за предавање и истражување на технологиите на текстилната индустрија. 2024 World Architecture Festival
Чилеанската архитектонска фирма Contexto беше препознаена по својот хотел со А рамка, TAWA Refugio. 2024 World Architecture Festival
Соодветно именуван Slender House, од индиската фирма Spaces Architects@KA, е изграден на парцела во Делхи широка само 6 метри. 2024 World Architecture Festival
Централната контролна зграда на соларната централа во Коња, Турција, е меѓу 225 завршени згради во потесниот избор за престижните награди на Светскиот фестивал за архитектура во 2024 година. 2024 World Architecture Festival
Зградата како шатор на кинеската фирма UAO Design на Островот Liangzi, има центар за посетители со стаклена предна страна со поглед на езеро во градот Ezhou. 2024 World Architecture Festival
Сместена на европскиот брег на полуостровот Галиполи во Турција, оригиналната структура од 17 век беше сериозно оштетена за време на Првата светска војна. Мултидисциплинарен тим составен од дизајнери, историчари и инженери работеа на враќање на тврдината во нејзината сегашна форма. 2024 World Architecture Festival
 Lighthouse моментално е дом на највисоката зграда во Данска. Проектот покрај водата на 3NX Architects се наоѓа во градот Aarhus. 2024 World Architecture Festival
Кружниот OLM Nature Escape, дизајниран од Andreas Gruber Architects, е хотел сместен на планините Доломит во Италија. 2024 World Architecture Festival
Центарот за жени и деца во Shenzhen, на холандската архитектонска група MVRDV, е шарен кинески облакодер кој содржи низа објекти за жени и деца, вклучувајќи библиотека и детски театар. 2024 World Architecture Festival

Програмскиот директор на WAF, Paul Finch, рече дека натпреварот во 2024 година привлече „уште еден прекрасен сет на пријавени“ што „го направија потесниот избор за проектите тежок процес“. (подготовка: Фронтлајн)

Треба да знаете
Moже да ве интересира