Каков град? – Просторна интервенција, перформанс и музички настан во киното на Железничката зграда во Скопје

В недела (28 април) од 12:00 – 15:30 часот во киното на Железничка зграда на ул. Борка Талевски 26, 1000 Скопје ќе се одржи настанот КАКОВ ГРАД?, кој претставува интервенција во јавен простор развиена во рамки на едукативната платформа Градот како сцена: Изведување на јавниот простор на Организацијата Факултет за работи што не се учат (ФРУ), Скопје.

Главниот фокус на платформата е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор кој треба да го користи пошироката заедница на граѓани.

Во таа насока, настанот КАКОВ ГРАД? иницира идеи како ова кино да стане активен простор за заедницата, користејќи веќе постоечки ресурси да се изгради/осмисли просторна инсталација која треба да зборува за можностите на овој јавен простор.

Учесници во настанот ќе бидат студенти од Архитектонскиот факултет во Скопје, млади архитекти и визуелни уметници. Ментор на проектот е Филип Јовановски.

Програма:

12:00 -12:30 – чин 1: Каков град?
Просторна перформативна интервенција во јавен простор

Оваа просторна интервенција е развиена под менторство на Филип Јовановски и во соработка со: Ивана Самандова, Димитар Милев, Мартина Пенева, Тамара Џерков, Марија Аризанковска, Екатерина Добривојевска, Катарина Томиќ, Крсто Глигоријадис, Ангела Трајкова.

12:30-13:00 – чин2: Каков (градски) човек?
„(Де)конструкција на машкоста” – Изведба на перформанс на Крсто Глигорјадис

“(Де)конструкција на машкоста” се осврнува на историската традиција “breeching ceremony” која го обележува преминот во машкоста. Звукот кој одекнува од чеканот што удира по јагленот е промислен бунт против ограничувањата на традиционалната машкост, изразувајќи го патувањето на уметникот и колективната борба на мажите во денешното општество. Кршењето на јагленот не само што ги симболизира распарчените очекувања, туку исто така ја отелотворува уништената состојба на менталното здравје на мажот, ограничен од општествените притисоци. Двиежењето преминува од контролирани движења во емоционално крешендо – доказ за отпорот потребен за да се предизвика и редефинира машкоста. Остатоците од парчињата јаглен ја отсликуваат редефинираната машкост ослободена од општествените стеги, опфаќајќи ја емоционалната длабочина, ранливост и инклузивност. Перфромансот ја нагласува постојаната борба на мажите да се ослободат од општествените стандарди, поттикнувајќи дијалог за менталното здравје, мажот во современото општество, поврзаноста со татковците и товарот на невидливите очекувања од мажите, притоа поканувајќи ја публиката да ги проценат сопствените искуства додека ги предизвикуваат и преобразуваат општествените норми.

13:00- 15:00 – чин 3: Каков ГРАД НА КУЛТУРА?
Соларна кујна – Уметнички проект/интервенција на Никола Узуновски

Соларни кујни на Никола Узуновски е долгорочен проект во кој тој соработува со уметници, научници и локални заедници за да развие различни форми на кујни кои ја користат сончевата светлина како единствен извор на енергија. Секоја варијација е уникатна и направена специјално за нејзините географски услови и културен контекст. Таа го спојува научниот процес со медиумскиот аспект на уметноста за да отвори покомплексно искуство и акцент како овие две сфери се поврзани. Овој проект е развиен преку организирање работилници и продукција на нови варијации. Овој процес, кој е колективен придонес на мултидисциплинарна група, од научници до уметници, ќе биде претставен како уметничко дело на одредени јавни настани кои ќе ги споделат овие идеи и пристап до што е можно поширока и разновидна публика.

-Каков град сакамееееееее – ИНДОГ – винил ДЈ сет
Горан Костовски – Индог, илустратор, радиоводител и диџеј. Индог, изминативе 20тина години, претставува еден важен скопски шетач, талкач, Flâneuse(фленер) низ градските улици, оживувајќи ги фасадите (во главно тие на градски ѕид,ама и други) со своите со цртежи, активистички гестови, „шкртаници” и позитивни борби во одбрана на ГРАДОТ.

Проектот е поддржан од: Програмата за култура на Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Moже да ве интересира