Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Како македонски, и како граѓани на Европа, со гордост ги чествуваме 9 Мај, Денот на Европа и Ден на победата над фашизмот

Како македонски, и како граѓани на Европа, денеска со гордост ги чествуваме 9 Мај, Денот на Европа и Ден на победата над фашизмот, напишта на социјалните мрежи по повод овие празници вицепремиерот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Во продолжение неговата порака во целост:

Граѓаните на Република Северна Македонија се горди на својот избор да бидат дел од Европската Унија и за таа цел ги стартувавме преговорите за членство.

Избравме нашата иднината да биде ЕУ затоа што нашиот природен дом е Европската Унија, меѓу просперитетните европски нации. Да бидеме еднакви во заедница на народи изградена на вредности во веруваме и кои ги практикуваме и ние, заедница на слободата, на демократијата и на човековите права, на солидарноста и на пазарна економија.

Обединети и единствени околу овие вредности заедно сме со сите народи и држави на Европа кои го победија фашизмот и со втемелувањето на Европската Унија отворија ново светло поглавје на соработка и обединување.

Нека е честит Денот на Европа!

Нека е честит Денот на победата над фашизмот!

Треба да знаете
Moже да ве интересира