Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Две различни писанија за средбата во Будимпешта, едно на Макрон, друго на Мицкоски

За содржината на средбата која се одржа на маргините на петтиот Самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што се одржа во Будимпешта, меѓу македонскиот премиер и францускиот претседател, Христијан Мицкоски и Емануел Макрон, во јавноста се појавија две различни верзии. Првата е на Мицкоски, втората е на Макрон.

За средбата со францускиот претседател, на фб профилот, македонскиот премиер напиша, дека со претседателот на Франција Макрон имал отворена дискусија за одблокирање на патот на земјата кон ЕУ .

„На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со Францускиот претседател, Емануел Макрон.

Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива.

Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси“, напиша Мицкоски, на фб профилот.

За средбата Макрон – Мицкоски, од Елисејска Палата вака информираа:

„Двајцата лидери се согласија за важноста од продлабочување на односите меѓу Франција и Северна Македонија, особено во однос на економската соработка во областа на енергетиката, здравството и транспортот. Претседателот на Републиката ја потврди и поддршката на Франција за европската траекторија на Северна Македонија. Тој посочи дека Франција ќе ги поддржи сите напори на Северна Македонија во оваа насока, притоа почитувајки ги нејзините меѓународни обврски“, пишува во соопшението од Елисејската палата.

Во фокусот на петтиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што се одржа во Будимпешта освен за европската безбедност во рамки на војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток и резултатите од американските претседателски избори, дел од медиумите пренесоа, дека од некои европски лидери било отворено меѓу другото и прашањето за начинот на гласање во врска со проширувањето на Унијата.

Станува збор за Предлог за напуштање на консензуалното одлучување и носење одлуки со минус еден или, пак, со квалификувано мнозинство, кој кој според дел од медиумите, наидувал сѐ повеќе на одобрување и земал замав кај земјите членки на Унијата, поради впечатокот дека „остварувањето одредени потесни интереси ја држат во заложништво целата европска политика“.

Според нив, Плановите на Европската комисија биле да се премине на гласање од консензус на квалификувано мнозинство во областите: енергика, клима, даноци и социјална политика, но, и околу консензуалното одлучување за проширувањето на ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен