Медиумите тврдат дека магацинот за оружје бил погоден со балистички проектили. Украинската армија денеска соопшти дека погодила големо руско складиште за оружје во областа Брјанск, која се наоѓа на повеќе од 110 километри од границата со Украина.
„Курир“ го цитира Ројтерс кој пренесува дека Генералштабот на украинската армија соопштил дека по нападот следеле 12 секундарни експлозии и детонации во областа.
– Ќе продолжи уништувањето на складишта за муниција на армијата на руските окупатори за да се запре вооружената агресија на Руската Федерација против Украина – се наведува во соопштението на Генералштабот во Киев на Телеграма.
Рускиот независен медиум Медуза пренесува сајтот РБЦ Украина, кој, повикувајќи се на извори од украинските вооружени сили, објави дека ова е прв напад на руска територија извршен со американски балистички ракети АТАКМС.
Според тој извор, нападнат е воен објект во близина на рускиот град Карачов во областа Брјанск.