Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска: Од 2010 до 2017 охридскиот регион бил дерогиран, последиците ги гледаме сега

Бисера Костадиновска-Стојчевска

Одземањето на надлежностите на општината Струга не е едноставно, но е една од опциите доколку не се постапува по барањата на Владата

Првата реактивна мисија на УНЕСКО дошла во земајва во 2017 година, кога се воочило преголемо дерогирање на карактеристиките на охридскиот регион. Има седум години вакуум, кога не се постапувало воопшто по планот за управување со охридскиот регион. Сега ги гледаме последиците од тоа, рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во вестите на Сител.

Таа додаде дека Законот за управувањето со охридскиот регион бил донесен во 2010 години, меѓутоа до 2017 година не се преземале мерки поради што се загрози статусот во УНЕСКО.

-Процесот за исполнување на препораките од УНЕСКО за заштита на охридскиот регион е процес на кој не може да се стави точка. Не може да кажеме дека сме задоволни и тука да застанеме. Овој процес ќе продолжи и по исполнувањето на 19 препораки, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека целата држава треба да биде вклучена во процесот за зачувување статусот на заштитено наследство во УНЕСКО, бидејќи тоа не е процес кој може да го направи едно министерство, една општина или една агенција.

-Можеме да помогнеме во Струга, ако немаат капацитети или средства. Ќе најдеме стручен тим за да се мапираат дивоградбите. Доколку не одговорат на последното задолжување од Владата, имаме начин како да пратиме таму некој да ги мапира бесправно изградените објекти за да знаеме што може да направиме понатаму, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека не мора општината да побара помош и кажа дека одземањето на надлежностите на општината не е едноставно, но е една од опциите доколку не се постапува по барањата на Владата.

-Ако некој не постапува, ние ќе направиме наш стручен тим, ќе побараме и странска помош доколку е потребно и ќе направиме се што можеме за да го зачуваме статусот што го имаме во УНЕСКО, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека нема да е крај на светот дококлу сме ставени на листата на наследство во опасност, но тоа ќе значи поголеми контроли и реферирање до УНЕСКО секоја година.

Зачлени се на нашиот е-билтен