Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

До 2100 година поради загадениот воздух и екстремните температури може да умрат 30 милиони луѓе

Истражувачите од Институтот за хемија Макс Планк заклучија дека климатските промени и загадувањето на воздухот може да доведат до смрт на околу 30 милиони луѓе до крајот на векот. Ова доаѓа откако неодамнешниот извештај на ОН предупреди дека топлината на Земјата до 2100 година може да порасне за „катастрофални“ 3,1 степени.

До овие податоци истражувачкиот тим дошол по анализираните податоците од 2000 до 2090 година во интервали од 10 години, објави Mail Online. Студијата укажува на значајни регионални разлики во смртните случаи поврзани со климата. Најверојатно најмногу ќе страдаат земјите во Јужна Азија, делумно поради стареењето на населението но и поради постојаните проблеми со загадувањето на воздухот.

Спротивно на тоа, регионите со повисоки приходи, како што се Западна Европа, Северна Америка, Австралија и Азиско-пацифичкиот регион се очекува да имаат повеќе смртни случаи поврзани со екстремни температури отколку оние предизвикани од нечист воздух. Овој тренд на пораст на температурите веќе се забележува во неколку земји во овие области, вклучувајќи ги САД, Англија, Франција, Јапонија и Нов Зеланд.

Лидерот на тимот, даде алармантна статистика, д-р Андреа Поцер,

„До 2000 година околу 1,6 милиони луѓе умираа секоја година како резултат на екстремните студови и жештини. До крајот на векот, според сценариото, бројката ќе порасне на 10,8 милиони луѓе, што значи дека приближно седумкратно зголемување“.

Д-р Поцер го истакна влијанието на загадениот воздух врз смртноста, велејќи: „Од загадувањето на воздухот, годишните смртни случаи до 2000 г. беа околу 4,1 милиони. До крајот на векот тој број ќе порасне на 19,5 милиони, што е петкратно зголемување. Климатските промени не се само еколошки проблем, туку и директна закана за јавното здравје“.

Поткрепувајќи ја итноста на ова прашање, Жан Скиард, директор на Центарот за климатски и атмосферски истражувања на Кипарскиот институт, коментира: „Во моментов постои растечки тренд на ризикот од климатските промени: Овие наоди ја нагласуваат екстремната важност од спроведување на решителни мерки за ублажување на ефектите од климатските промени сега за да се спречат идни човечки жртви“.

Зачлени се на нашиот е-билтен