Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Папа Франциск: Лицемерните земји кои зборуваат за мир, а произведуваат оружје се виновни за војните

Папата Франциск ги обвини „лицемерните“ земји кои зборуваат за мир, а истовремено произведуваат оружје, за конфликтите во Украина и палестинските територии.

– Сакам да ги споменам неуспесите на човештвото – Украина и Палестина, каде што луѓето страдаат, а ароганцијата на освојувачите победува над дијалогот, изјави папата.

Римокатоличкиот поглавар повика на дијалог и потенцираше дека младите имаат посебна способност да донесат мир. Неговите зборови беа изречени на средба по повод 40-годишнината од примирјето меѓу Аргентина и Чиле. 

Зачлени се на нашиот е-билтен