Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стокхолм го повика кинескиот брод осомничен за саботажа да се врати во шведските води

Free Malaysia Today

Бродот моментално е закотвен во меѓународните води меѓу Шведска и Данска.

Шведска во вторникот побара од кинески брод да се врати во нејзините води додека нордиската земја ја истражува сомнителната саботажа на подморничките интернет кабли во Балтичкото Море., пишува Политико.

Кабелот долг 1.000 километри што ги поврзува Финска и Германија и друг што ги поврзува Шведска со Литванија беа прекинати минатата недела, што предизвика политичка тревога во европските метрополи.

Бродот под кинеско знаме, Ји Пенг 3, бил на пат од Русија за Египет и пловел блиску до каблите околу времето кога биле оштетени. Шведските и финските власти отворија истрага за инцидентот.

Зачлени се на нашиот е-билтен