Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Над три американски воени бази во Англија летале многу неидентификувани дронови

 Голем број неидентификувани дронови се забележани во изминатите шест дена над три бази на американското воено воздухопловство (УСАФ) во Англија, потврди портпаролот на УСАФ.

„Помалите дронови беа забележани во близина и над РАФ Лејкенхит, РАФ Милденхол и РАФ Фелтвел од 20 до 26 ноември“, изјави портпаролот за британските меидуми.

Трите бази, две во Сафолк и една во Норфолк, се изнајмени од британската армија за потребите на американските воздухопловни сили.

Портпаролот на британското Министерство за одбрана рече дека тие „сериозно ги сфаќаат заканите и ги одржуваат безбедносните мерки на воените локации“

Зачлени се на нашиот е-билтен