Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Лондон уапсени 6 лица осомничени за тероризам

Британската полиција денеска соопшти дека уапсила шест лица поврзани со забранетата Курдска работничка партија (ПКК) во антитерористичка операција.

Четворица мажи и две жени, кои беа уапсени во Лондон, беа приведени според Законот за тероризам од 2000 година, соопшти Метрополитен полицијата.

ПКК, сепаратистичко движење кое бара независна курдска држава во југоисточна Турција и неколку околни земји, е на списокот на Обединетото Кралство на забранети екстремистички организации.

„Акцијата беше започната по значајна истрага за активности за кои веруваме дека се поврзани со терористичката група ПКК. Ова се апсења на оние за кои се сомневаме дека се вклучени во терористички активности поврзани со групата, се наведува во соопштението.

Полицијата соопшти дека не верува дека постои опасност за јавноста.

Зачлени се на нашиот е-билтен