Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Државниот завод за ревизија прослави 25 години постоење

Клучно е да изградиме силни партнерства и да поттикнеме доверба со сите вклучени страни, бидејќи само со заеднички напори и соработка може да обезбедиме независна поддршка и да ги оствариме нашите визии и мисија, а со тоа да бидеме чувари на јавните средства, порача денеска главниот државен ревизор Максим Ацевски, во обраќање на конференцијата на Државниот завод за ревизија по по повод 25-годишниот јубилеј.

На конференцијата во Скопје учествуваа главните ревизори од соседството и од други европски земји кои дебатираа за подобрување на комуникацијата меѓу ревизорите и јавноста.

Како што рече Ацевски, размената на искуства и идеи ќе придонесат за унапредување на процесите на ревизијата и  комуникацијата со засегнатите страни која активност се повеќе и повеќе добива на значење и претставува основен предуслов за придобивање на јавноста како наш партнер односно сојузник.

Според Ацевски, соработката на ДЗР со државните институции се зголемува, но за подобри резултати треба позасилена соработка. Извешетаите на ДЗР во изминатите години наидуват на поголемо внимание

– Имаме позитивен тренд во којшто имаме разбирање за постапувањата и по дадените препораки, но и она што значи постапување на надлежните органи. Педесет отсто од новоназначените министри побараа средби со главниот државен ревизор на коишто побараа совет за начинот на постапување во наредниот период за да не се прават одредени состојби коишто се правеле во претходниот период, рече Ацевски.

Јубилејот на ДЗР се одбележува под мотото „25 години посветеност на јавниот интерес – заедно градиме доверба, отчетност и визија“.

Зачлени се на нашиот е-билтен