Ултранационалистот Калин Џорческу и либералната Елена Ласкони се во неизвесност пред вториот круг.
Уставниот суд на Романија во четвртокот побара од највисокиот изборен орган во земјата да ги преброи и повторно да ги провери сите гласачки ливчиња од првиот круг на претседателските избори во недела, пишува ПОЛИТИКО.
Централното избирачко биро попладнево ќе заседава за да одлучи за следните чекори.
Превирања ја зафатија Романија, бидејќи судот, исто така, одлучи да ја одложи до петок сеизмичката одлука дали да го потврди или откаже првиот круг од претседателските избори во земјата.
Одложувањето, кое доаѓа по судскиот состанок во Букурешт во четвртокот наутро, значи дека двајцата кандидати кои треба да се натпреваруваат во вториот круг на 8 декември – ултранационалистичкиот независен кандидат Калин Џорческу и либералната Елена Ласкони – сè уште не можат да започнат со кампања.
Двајца од 13-те првични претседателски кандидати во средата побараа од судот да го поништи првиот круг што се одржа во неделата, тврдејќи дека е измама од партијата на Ласкони, Унијата „Спаси ја Романија“ и од кампањата на Џорџеску.