„Ова е чин на непочитување на државните симболи, но и директно поткопување на заедништвото на сите македонски граѓани што тоа знаме го симболизира“, напиша на социјалните мрежи, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, осудувајќи ги инцидентите што се случија на Денот на албанското знаме, кога беше палено, кинето и газено, македонското знаме.
„Ваквите постапки не придонесуваат за градење доверба и почит меѓу граѓаните, туку поттикнуваат дополнителни тензии и поделби. Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти. Надлежните институции треба да спроведат темелна истрага за настанот и да преземат соодветни мерки за одговорните лица“, напиша Сиљановска Давкова.