Стотици граѓани се собраа пред Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад, поддржувајќи ги студентите кои ги блокираат факултетите во знак на протест против актуелните состојби во високото образование и барањата за одговорност за падот на настрешницата на железничката станица во градот.
На почетокот на собирот, Јелена Божиќ од организацијата „Свиќе“ повика на едноминутно молчење за жртвите од трагедијата во Нови Сад. Таа истакна дека студентите покажале одговорност и храброст, враќајќи го легитимитетот на институциите.
Доротеја Антиќ од групата „Став“ нагласи дека солидарноста на граѓаните помогнала во ослободувањето на активистите од притвор, додека учесниците во протестот оставија пораки и симболи низ кампусот, како отворена крвава дланка – симбол на нивниот отпор.
Во рамките на акцијата, 11 од 14 факултети на Универзитетот во Нови Сад и самата зграда на Ректоратот се под блокада. Протестите започнаа откако дел од професорите побараа оставка од ректорот Дејан Мадиќ, обвинувајќи го за нарушување на интегритетот и автономијата на универзитетот.
Барања на студентите:
-Политичка и кривична одговорност за трагедијата на железничката станица.
-Објавување на целосната документација за реконструкцијата на станицата.
-Зголемување на буџетот за факултетите.
Иако властите тврдат дека ги исполниле сите барања, студентите сметаат дека транспарентноста е недоволна и одговорноста не е утврдена.
Од 14-те факултети во рамките на Универзитетот во Нови Сад, 11 се блокирани, како и самата зграда на Ректоратот.
Откако ја блокираше зградата, ректорот им порача на студентите дека нема да поднесе оставка.
Повеќе од 40 факултети и неколку ректорати во Србија две недели се блокирани.
Студентите на блокадите бараат политичка и кривична одговорност за падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, објавување на сите документи поврзани со реконструкцијата на станицата и зголемување на буџетот на факултетот.
Надлежните тврдат дека се исполнети сите барања на студентите, меѓу другото, како што велат, објавена е и документацијата за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад.
Групата студенти на блокадата соопшти дека со објавувањето на документацијата не се дава одговор на прашањето кој е одговорен и што се случило.
Бетонската настрешница на зградата на станицата во Нови Сад се урна само неколку месеци по свеченото отворање на станицата по тригодишна реконструкција и тврдењето на надлежните дека е изградена по највисоки европски стандарди.
13 лица се уапсени под сомнение дека се одговорни за падот на настрешницата.
Меѓу нив беше и до неодамна министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, кој по неколку дена беше пуштен од притвор.