Војната во Украина го исцрпува рускиот залихи на оружје побрзо отколку што може да се надемосетат со нови, потврдуваат повеќе докази според кои рускиот воено-индустриски комплекс е блиску до работ по речиси три години борби во Украина, се оценува во анализата на Форин полиси.
Претседателот Владимир Путин ја мобилизираше економијата за инвазијата на Русија, што резултираше со огромни суми државни средства за фабриките за оружје и за нивните добавувачи кои, пак, се соочуваат со невработеност додека работоспособните луѓе служат на фронтот.
Но, тоа ја поттикна и инфлацијата, која достигна 9 отсто, па дури и го принуди Путин да признае дека состојбата е „алармантна“. Руската централна банка ја зголеми својата референтна стапка на 21% за да ги заузда цените, но бизнисите го чувствуваат оптоварувањето од сето тоа монетарно стегање.
Во последниве месеци, лидерите во одбранбената индустрија и соседните сектори кои се критични за воената машина алармираа.
Шефот на државниот гигант за оружје Ростек предупреди дека ако стапките останат високи, „тогаш практично поголемиот дел од нашите претпријатија ќе банкротираат“. Сопственикот на рускиот челичен гигант Северстал рече дека е попрофитабилно за бизнисите да ги намалат операциите и да ги стават своите пари во депозити кои носат камата. И шефот на фабриката за за преси во Чељабинск на економски форум рече дека клучните области на машинското инженерство може да „пропаднат“.
Изведувачите во руската одбранбена индустрија пријавуваат неплаќања и повисоки финансиски трошоци, изјави за Вашингтон пост Александра Прокопенко, соработник во Центарот за Евроазија на Карнеги Русија.
Во меѓувреме, други аналитичари предвидуваат дека руската економија не може да ја издржи војната на Путин против Украина.
На пример, војската губи околу 320 тенкови и артилериски топови месечно, додека руските фабрики можат да произведуваат само 20 секој месец, што го принудува Кремљ да копа во старите советски залихи. Но, тоа не е доволно и Русија може да се соочи со критичен недостиг на оружје некаде во 2025 година, пишува во анализата во списанието Форин полиси.
Ситуацијата беше страшна и минатата година, кога најголемото руско филмско студио Мосфилм донираше околу 50 тенкови и оклопни возила од 1950-тите кои ги користеше како реквизити.
„Знаев дека им требаат, па стапив во контакт со Министерството за одбрана и тие ги земаа овие возила“, му рече на Путин генералниот директор на Мосфилм Карен Шахназаров за време на состанокот минатиот месец.