Најверојатно нов германски канцелар ќе биде Фридрих Мерц, наследникот на поранешниот лидер на ЦДУ.
Доколку германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер го исполни ветувањето и неодамнешното гласање за недоверба на владата на Олаф Шолц во Бундестагот го преточи во одлука за распишување предвремени парламентарни избори, најверојатно на 23 февруари следната година, политичката криза во таа земја треба да биде решена со класичен метод, нови избори.
Но, дали новото политичко распоредување на силите во клучната членка на Европската унија, со, на пример, канцеларот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Фридрих Мерц (69), ќе ја реши социјалната и економската криза, како и дезориентираноста во надворешната политика , низ кој поминува Германија ?
Со нападот на божиќниот саем во Магдебург што го изврши Талеб ал-Абдулмохсен (50) во петокот на 20 декември, во кој загинаа пет, а беа повредени над 200 посетители на саемот, продолжи серијата терористички напади за кои само во последните пет години однесоа 11 животи со стотици повредени. Нападите, на пример, годинава, вклучително и оној во Магдебург, вообичаено се случуваа на јавни места, а извршителите на нападите на овој или оној начин се поврзани со исламот. Така, Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот на градскиот фестивал во Солинген на 23 август, во кој напаѓач со нож ги нападна посетителите на фестивалот. Во Манхајм, на 31 мај, на пазарот беше нападнат антиисламски активист, а напаѓачот, по потекло од Авганистан, со нож рани случајни минувачи и полицајци. Ваквото сценарио на терористички закани отвора голем број прашања, пред се безбедносниот систем на Германија, кој некогаш се сметаше за супериорен во однос на другите земји со сличен политички систем и економска сила.
Безбедносни недостатоци
Организаторите на Божиќниот саем во Магдебург, на пример, судејќи според написите во германските медиуми за деталите за организацијата на саемот, ја потцениле можноста за терористички напад.
„Според градот Магдебург, сторителот користел спасувачки патишта за да стигне до божиќниот пазар, кој бил затворен за сообраќај. Се вели дека безбедносниот концепт на Божиќниот пазар повторно е зајакнат по нападот во Солинген. Според градската управа, спасувачката рута не била заштитена со бариери или столпчиња – пишува порталот на јавната радио мрежа WDR. Порталот ја пренесува изјавата на службеникот на градската управа Рони Круг дека споменатата рута е подготвена за итните служби и пожарникарите, а на самото место најчесто има полициско комбе кое вообичаено ги блокира ваквите патишта. Нејасно е зошто тоа не било случај во моментот на нападот, прашува WDR. Во основа, возилото на Талеб ал-Абдулмохсен помина околу 400 метри низ толпата на саемот и застана после смртоносниот поход на некој семафор без некој да го онеспособи возачот или автомобилот.
Огромното мнозинство на анализи за терористичкиот напад во Магдебург се занимаваат со личноста на напаѓачот и можните мотиви за нападот, додека прашањата од безбедносниот домен, како што е разузнавачката работа за откривање можни сторители на нападот или безбедноста на јавните настани, се во позадина. Во секој случај, на политичките импликации од последниот терористички напад во Германија, меѓу другото, укажува и протестот што партијата Алтернатива за Германија (AfD), предводена од еден од нејзините лидери, Алис Вајдел, го организираше во Магдебург три дена по нападот кој, според проценките на медиумите, не привлече повеќе од четири илјади граѓани.
Сигнали од локалните избори
Покраината Саксонија-Анхалт е една од покраините во која годинава се одржаа локални избори, чиј главен политички тренд беше подемот на АфД, која повеќето германски и речиси сите влијателни европски медиуми ја нарекуваат екстремна десница, додека првата точка на официјалната програма на партијата е „ние сме либерали и конзервативци, слободни граѓани на нивната земја, уверени демократи“. Во секој случај, АфД не победи на локалните избори во Саксонија-Анхалт, а не победи ниту во Магдебург. ЦДУ доби најмногу гласови во таа сојузна држава при гласањето за стотици локални тела на власта, но најголеми победници на изборите се сметаат независните листи на кандидати кои добија најмногу гласови на изборите, дури за 136 локални власти. По вкупниот број на гласови АФД во Саксонија-Анхалт е веднаш зад ЦДУ, со што значително го подобри савојот изборен резултлллтл во однос на претходнте избори.
Освен во Саксонија-Анхалт, оваа година локални избори се одржаа и во уште осум сојузни покраини, меѓу кои Баден-Виртемберг, Хамбург, Тирингија и Бранденбург. Станува збор за некои од најголемите покраини, а бидејќи провинциите кои некогаш биле дел од ГДР и покраините на ‘старата’ Сојузна Република Германија беа приближно еднакво застапени, изборните резултати од овогодинешните локални избори во Германија се целосно релевантни за оценка на главните од текот на изборното расположение на граѓаните. Се проценува дека АфД го удвоила бројот на гласови во изборните единици во кои годинава се гласале локални, а најголемо внимание привлекле нивниот триумф во Тирингија и второто место во Саксонија. Иако, на пример, покраинската влада во Тирингија беше формирана без АфД, тоа никого не мами во однос на расположението на електоратот во таа и во другите провинции.
Промоција на канцелар
Гледајќи го изборниот неуспех што го доживеа владејачката СПД на канцеларот Шолц на споменатите локални избори, постигнувајќи поважна победа само на изборите за парламентот на покраината Бранденбург, не треба да чуди што социјалдемократите се одлучија за комбинации со датумот на изборите. Имено, самата влада на Шолц побара проверка на довербата во Бундестагот, а без негативниот исход што го забележаа, тие и онака ќе беа на функција само до крајот на следната година. Со маневрирање на предвремени избори, СПД на Шолц се обидува да спречи понатамошна ерозија на довербата на гласачите.