На 14-ти јануари, Македонската православна црква го празнува големиот христијански празник Василица. Многу македонски семејства го слават како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го празнуваат својот именден.
Традицијата на Василица вклучува кршење лепче со паричка. Некои го кршат вечерта на 13-ти јануари, додека други го прават тоа утрото на празникот.
Од каде потекнува овој обичај?
Обичајот потекнува од времето кога Свети Василиј Велики бил Архиепископ на Кесарија и кога епархот на Кападокија, познат по својата алчност, редовно ограбувал градови. Кога свети Василиј дознал дека епархот повторно ќе дојде, побарал од богатите луѓе да донесат свој накит и златници за да ги понуди епархот.
Кога епархот пристигнал и видел што му е понудено, се изненадил и по некое чудо се засрамил, одбивајќи да земе било што. Свети Василиј ги задржал златниците и накитот, но не знаел кому му припаѓа што. Просветлен од Господ, тој ги замолил готвачите да направат мали лебови, во кои ставил по некое парче накит.
На денот на Новата година, свети Василиј ги поделил лебовите на верниците. Тој што ќе ја најде паричката, добива благослов за следната година од свети Василиј Велики.
Како спомен на овој настан, до денес се меси лепче со паричка на денот на свети Василиј Велики, а лепчето се дели во три делови: едно за Господ Исус Христос, едно за Пресвета Богородица и едно за свети Василиј Велики. Традицијата продолжува со поделба на лепчето меѓу присутните, а оној што ќе ја најде паричката добива благослов за претстојната година.