Случајот, Онкологија и денеска ја тресе јавноста. Болните од карцином кои се лекуваат на Клиниката за радиотерапија и онкологија од 17 јануари се без неопходната терапија. За жал од оваа Клиника сеуште нема информација дали е надминат проблемот со недостигот на шест лекови од биолошката терапија, Наместо тоа од таму стравуваат дека а стравуваат дека може да снема уште три други лекови. За медиумите од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје велат дека проблемот е настанат поради административни процедура, но нагласуваат дека дополнителен проблем е што во декември се зголемил бројот на пациенти на коишто им е неопходна терапија.
Од СДСМ и денеска реагираат констатирајќи дека на Клиниката за Онкологија со недостигот на неопходни лекови се случува хуманитарна катастрофа. Бараат итна оставка од: директорите на Клиниката за онкологија, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, и од министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Недостигот на соодветен план, ненавремената набавка на лекови, изостанокот на функционален систем и регистар на пациенти укажува дека не е преземено ништо да се заштитат пациентитекои денес страдаат. И наместо сериозно и итно да се решава проблемот, властите најавуваат донациии за да се ублажи недостатокот. Додека животите на нашите граѓани зависат од донации власта планира да купува авион за себе. Срамно, неодговорно и тажно“, рече денеска членката на Извршниот одбор на СДСМ,Симона Цветановска.
Цветановска посочи дека хуманитарната катастрофа на Онкологија е директен резултат на неорганизираноста и неодговорноста на актуелната власт и дека мора да има одговорност!
„Колку само човечки животи се загрозени поради недостатокот на лекови овие неколку денови? Животи кои зависат од терапија што актуелната власт не успеала да ја обезбеди“.Според нив изговорите и оправдувањата се неприфатливи, бидејќи ‘хаосот на Онкологија е доказ за системската неодговорност и неспособност на раководните лица во здравствениот систем и мора да има одговорност’!
Според пациентите на Онкологија, во моментов има недостиг од лековите „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“. Тие стравуваат дека за брзо време може да ги снема и „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“.