Не мора да бидете на раководна позиција за да имате високи примања. Некои професии, иако не се атрактивни, нудат одлична заработка. Во Германија, каде што платата е чест мотив за промена на кариерата, постојат работни места што обезбедуваат солиден приход без потреба од високо образование.
Иако можеби не изгледа така, свештеничката служба во Германија е високо платена. Според Gehalt.de, просечната месечна бруто плата на свештеник е околу 6.230 евра. Во Католичката црква потребни се седум години за да се стане свештеник, а студиите по теологија се исклучително барани. Покрај платата, често се обезбедува и службен стан.
Следна професија е медија планер, а вклучува планирање на телевизиски програми, а платите достигнуваат и до 7.000 евра месечно. Овој сектор традиционално е поврзан со големите градови, но со порастот на стриминг платформите, професијата е под ризик.
Со зголемениот тренд кон вегетаријанство и веганство, интересот за професијата месар е во опаѓање. Сепак, според kununu.com, просечната годишна бруто плата изнесува околу 33.500 евра. Искусните мајстори месари имаат можност за сопствен бизнис, иако строгите регулативи се пречка за многумина.
Четири дополнителни добро платени професии
-Возач на шлеп-служба – плата од 31.480 до 36.760 евра годишно, без потреба од посебна обука, освен возачка дозвола од C категорија.
-Специјалист за рециклирање и управување со отпад – соодветната обука носи плата до 3.644 евра месечно, особено во покраините Баден-Виртемберг, Хесен и Северна Рајна-Вестфалија.
– Угостителски работник – платите достигнуваат 29.500 евра годишно, но работното време во доцните часови и за викендите е непожелно за многумина.
-Погребник – сигурна, но емотивно тешка професија, со плати што достигнуваат над 3.762 евра месечно, а мајсторите погребници заработуваат уште повеќе.
Овие професии можеби не се привлечни, но нудат стабилност и добар приход.