Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Само за храна и пијалаци четиричлено семејство троши над 23.000 денари

Целта на пресметката на синдикалната минимална потрошувачка кошничка не е да ги информира граѓаните колку пари им се потребни за преживување, туку да укаже на креаторите на политиките дека со овие средства не се живее. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, вели дека премиерот Христијан Мицкоски или не разбрал добро, или добил погрешни совети од владините советници.

Трендафилов објаснува дека, иако помеѓу 63-те производи кои влегуваат во кошничката има и цреши и Нескафе, пресметката е за цела година, што значи дека, на пример, се купуваат три килограми цреши, што изнесува само 10 грама дневно или две цреши. За Нескафето, пресметката покажува дека со една лименка од 250 грама може да се направи едно кафе дневно.

-Во пресметката која ја доставивме до владата, за да бидеме фер социјален партнер, ние не вклучивме алкохол, алкохолни пијалаци и тутун. Не знам кој советник му ја презентирал информацијата на премиерот така. Наместо да се фокусираат на напад на кошничката, треба да се концентрираат на нефер трговските практики и да ги регулираат цените, кои би биле за 30% пониски, вели Трендафилов.

ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА
Бел леб 450г  1,5 леба
Ориз     900г 70грама
Кафе турско 200г 20грама
Нескафе 200г1 кафе
Млеко  1л1 чаша
Јогурт 1л 1 чаша
Кравјо сирење60 грама
Јајца 11 0,3 јајца
Свинска кртина 1кг 80 грама
Говедско месо    1кг70 грама
Пилешко месо 1кг  40 грама
Ослиќ                1кг 60 грама
Чајна                  1кг  60 грама
Кока кола            1, 751 чаша
Сок од портокал 1л   1 чаша

Мицкоски ја критикуваше синдикалната кошничка, истакнувајќи дека има нелогичности како што се производи кои не се најчесто консумирани или не се дел од основната потрошувачка на домаќинствата. Тој се фокусираше на недоследностите во изборот на производи и ценовни опции, наведувајќи дека синдикатите треба да се консултираат со сите странки и да формираат објективна методологија за пресметување на кошничката.

Заедно со ова, владата продолжува да одбива барањата за зголемување на минималната плата на предложените 31.500 денари од страна на Стопанската комора на Северозападна Македонија, од причини што не се во согласност со законските и уставни стандарди. Мицкоски нагласи дека било потребно да се направат интервенции во системот за да се обезбеди одржлива и реална потрошувачка кошничка која ќе ја одразува економската ситуација.

Како што изгледа кошничката, на едно четиричлено семејство му се потребни во просек: 1,5 леба дневно, 1 чаша млеко и јогурт, 20 грама турско кафе или едно Нескафе, и околу 60 грама месо или сувомеснато дневно. За пијалаците, семејството потребно е да пие по една чаша газиран или густ сок дневно.

Во 63-те производи се вклучени сезонски зеленчуци и овошја, но и десерти кои се редовни на трпезата на граѓаните. Многу од нив велат дека многу производи кои некогаш биле секојдневни, сега станале луксузни.

На дното на Балканот според минималната плата

-Двајца јадат, другите двајца гледаат, вака го опиша Трендафилов односот меѓу минималната плата и трошоците за живот во земјава.

ДржаваМинимална месечна плата во регионот (2025)
Северна Македонија
370 евра (во март 2025, очекуван раст на 24.400 денари (~395 евра)
Србија
458 евра (зголемување за 13,7% од 1 јануари 2025)
Босна и ХерцеговинаРаст од 310 на 600 евра со фискални реформи
Црна Гораминималец од 600 евра за средно и 800 евра за високо образование од февруари 2025
Хрватска670 на 750 евра (+15%) од 1 јануари 2025

Основната потрошувачка кошничка во јануари 2025 година е за 6.000 денари поскапа од претходната година, а само за храна и пијалаци на четиричлено семејство му се потребни 23.198 денари.

Во меѓувреме, минималната плата изнесува 22.567 денари, што значи дека двајца вработени со минимален приход можат да покријат едвај половина од основните трошоци.

Вредност на минималната потрошувачка кошничка

Јануари 2024 57.252 денари
Јуни 2024 60.000 денари+2.748 денари
Јануари 2025 63.252 денари+6.000 денари

Според пресметките, трошоците за живот растат значително побрзо од платите. Синдикатот бара минималната плата да се зголеми на 450 евра, а Стопанската комора на северозападна Македонија предлага таа да биде 500 евра, но со задржување на тековните придонеси.

Економиситите велат дека ова е „скриен дил“ меѓу владата и работодавачите – формално се остава на нив да договорат зголемување на минималецот, но во реалноста компромис не се постигнува.
Владата воведе т.н. „социјални кошници“ со намалени цени на основните прехранбени производи, но граѓаните реагираат дека намалувањата се минимални и привремени.

Законското зголемување на минималната плата треба да се случи во март 2025 година, кога таа ќе се зголеми на 24.400 денари. Сепак, за голем дел од работниците, ова не е доволно за покривање на основните трошоци на живот.

Држава просечна плата (евра)
Просечна месечна нето-плата во регионот (ноември 2024)
Северна Македонија690 евра
Србија 842 евра
Босна и Херцеговина 732 евра
Црна Гора 993 евра
Хрватска1.366 евра
Словенија 1.514 евра






Зачлени се на нашиот е-билтен