Републичкиот совет за безбедност, како што посочи нејзиниот претседател Горан Ангелковски, водејќи се од статистичките податоци за бројот на случени сообраќајни незгоди, причините и послоедиците од нив, смета дека е потребна зајакнување на казнената регулатива, воведување на негативни бодови за потешки прекршоци кои ќе се изрекуваат кумулативно а не како замена за изречената глоба, зголемување на ефикасноста на казнените постапки, имплементирање на системот „безбеден град“, намалување на влијанието на човечкиот фактор при одлучување за прекршоците како и забрзување на казнената постапка.
На денешната јавна расправа на тема: „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста на сообраќајот“ зборуваше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Казните, колку и да се високи на хартија, не значат ништо ако тие не се изрекуваат, а уште помалку ако не се спроведуваат. Ние мораме да го разбиеме овој систем на компромиси и полуправда, односно неправда“, рече Тошковски.
Сообраќајната култура се учи од мали нозе во семејството и во градинките смета и директорката на Психијатриската болница Славица Арсова.
-Она што сум убедена и како експерт и како родител, она што семејството ќе го пропушти, во првите години од животот, не може ниеден систем да го надомести.
-Мора граѓаните да бидат свесни. Немојте да им купувате на децата џипови кога ќе наполнат 18 години. Не е тоа никаков престиж. Им давате опасно орудие во рака, им давате репетиран пиштол. Последиците се такви какви што се, вели професорката Лажетиќ.