Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Граѓаните на Косово денеска излегуваат на избори

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во Косово денеска се оддржуваат парламентарни избори. Според новиот закон за изборите, изборниот молк започна денеска во 7 часот кога сеотворија на гласачките места.

Вчера во Приштина се одржаа завршните митинзи на Демократска партија на Косово (ПДК), амитинг одржа и партијата Демократска лига на Косово (ЛДК).

Во трката за новиот пратенички состав се 28 политички партии и еден независен кандидат. Граѓаните можат да изберат една партија и до десет кандидати за пратеници.

Овие гласови ќе го изберат новиот состав на 120-члениот Парламент, а пратениците потоа ќе ја изберат новата влада.

Според предизборните анкети и очекувањата на политички аналитичари, главната изборна битка ќе се води меѓу Движењето Самоопределување на Албин Курти, Демократската лига на Косово на Лумир Абдиџику, Демократската партија на Косово на Мемли Красниќи и Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај.

Собранието на Косово има 120 пратенички места, од ​​кои 20 се загарантирани за припадниците на малцинските заедници. Српската заедница има 10 пратенички места, бошњачката заедница има три, турската заедница има две, ромската (заедницата РАЕ) има четири, а Горанската заедница има едно пратеничко место. Изборниот праг е 5%.

Шест партии и иницијативи учествуваат во трката за десетте пратенички места резервирани за српските претставници – Српска листа, Српска демократија, Партијата на косовските Срби, Српското народно движење, Граѓанската иницијатива Народна правда и Листа за слобода, правда и опстанок.

Клучната политичка цел е враќање на Србите во институциите. Изборната кампања ги зголеми тензиите и ја влоши ситуацијата во покраината, оценуваат медиумите во Србија

Ова се први редовни избори што ги одржува Косово по прогласувањето независност во 2008 година. Досега во земјата се одржаа серија предвремени избори.

Зачлени се на нашиот е-билтен