Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Македонија нема ниту регулатива, ниту етички стандарди за ВИ

Вештачката интелигенција, дома и во светот, беше тема на денешната дебата насловена како, „Дигитална трансформација и вештачка интелигенција – предизвици и можности“.

Учесниците едногласни дека состојбата во Македонија во која нема регулатива, закони, ниту, пак, етички стандарди за вештачка интелигенција, под итно трба да се промени, бидејќи може да се случи неконтролирана употреба која може да доведе до загуба на работни места, предрасуди или дискриминирачки практики.

Директорот на Здружението на новинари, Драган Секуловски рече дека преку вештачката интелигенција одредени граѓани кои што имаат потешкотии во разбирањето без разлика дали е тоа нарушен вид или слух, овие апликации им ги прават подостапни информациите што се присутни на интернет.

„Како посредник на граѓаните од аспект на новинарската професија вештачката интелигенција има одредени предности, а тие предности со лимитираните часови што ги имаме ние како граѓани во еден ден, некогаш тоа разбирање на тие информации може да биде корисно. Ако зборуваме за етичките дилеми, постои црна слика, односно таа која не е толку позитивна, а тоа е дека претераното користење на овој тип на платформи и навлекувањето на истите кои очигледно создаваат одредена доза на зависност ја намалува критичната мисла, се губи контекстот и сите овие апликации функционираат поврзани со социјалните мрежи. Не секогаш овие платформи даваат исти податоци во зависност од тоа каде барате. Овие алатки некогаш можат да ја доведат до заблуда јавноста, а со тоа да настане одредена опасност“, рече Сокуловски.

Даниел Браун, официјален претставник на фондацијата Конрад Аденауер, (која го организираше настанот), нагласи дека темата е многу опширна имајќи во предвид што се имаме по медиумите и што можеме да прочитаме во медиумите секој ден, која некогаш се сфаќа како закана а некогаш можност.

„Во Германија имаше една сторија дека вештачката интелигенција ќе замени илјадници работни места каде луѓето нема да бидат потребни. Но, од друга страна пак гледаат и можности за подобро да се завршуваат работите во државната администрација. Тоа е и шанса и предизвик во исто време. Уште сме во еден процес кој не може да ни даде конечен одговор на сите прашања во однос на тоа што може да направиме со ваквата технологија, но многу е важно да се дискутираат предизвиците на тие процеси“, рече Браун.

Според министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски потребни се промени.

„Сите досегашни активности на националните и меѓународните експерти укажуваат дека правниот систем што ќе ја регулира вештачката интелигенција во иднина мора да биде дел од глобалниот правен механизам кој ги регулира дигиталните технологии воопшто и мора да вклучува кохерентен сет на обврзувачки и необврзувачки правила кои ќе го регулира на фер, морален и етички начин секојдневното користење на вештачката интелигенција во различни области од животот и работата на луѓето“, рече Андоновски. 

Во 2021 година беше формирана работна група за Национална стратегија за вештачка интелигенција.

Зачлени се на нашиот е-билтен