Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Владата и мнозинството во Собранието предводено од ВМРО ДПМНЕ ја бојкотираше надзорната расправа за аерозагадувањето

„Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“, беше темата на надзорната расправа на Анкетната комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот која се одржа денеска во Собранието.

Во рамки на Надзорната расправата за загадениот воздуход невладините здруженија потенцираа дека во 2022 година, како последица од енормно загадениот воздух, 3600 луѓе починале предвреме што, како што посочија, е 16 отсто од вкупниот број починати во таа година. Потенцирајќи ги изворите на загадување, тие ги посочија горивата, загревањето, согорувањето, индустријата… Притоа нагласија дека „заблуда кај нас е дека домаќинствата што се загреваат на дрва не загадуваат“.

Тие повикаа фокусот да се стави на енергетска ефикасност и на горивата што ги користат јавните институции и домаќинствата и сериозно да се размислат проектите за хидроцентрали, гасификација и декарбонизација. 

На надзорната расправа се сослушуваат овластени претставници и сведоци поделени во шест сесии – невладини организации,  академската заедница, единиците на локалната самоуправа,  јавни институции, владини претставници и  приватен сектор.

Дипломираниот машински инженер и стручњак за филтрација на воздухот, Кирил Мицески, на попладневниот дел од надзорната расправа за аерозагадувањето рече: Науката вика проблемот се решава каде што се создава. Ако ни избега прашината во воздух, никогаш нема да ја втасаме да ја исчистиме.

„Тука е производството на цемент, на градежни материјали, на руден концентрат дали би било олово цинкова руда или бакарна руда како што има во Македонија. Имаме  места каде се врши дробење на материјал  – асфалтни бази, сепарации. Како фина прашина имаме и користење во прехранбена индустрија како репроматеријал, хемиска, фармацевтска индустрија, каде што имаме манипулација на прашината со цел да се добие финален производ. Во Македонија има и фирми кои работат сечење на текстил на ЦНЦ машини, стаклени влакна и сечење на пластика“, рече Мицески.

Одговарајќи на прашања на пратениците, Мицески потенцира дека доколку ги имаат потребните филтерски системи поставени како што треба, нема потреба да бидат дислоцирани Цементарница и Железара од централното подрачје на Скопје. Посочи дека со соодветна заштита, нема проблем било каде можат да биде индустријата.

Неколку денови претходно владејачкото собраниско мнозинство се обиде надзорната расправа за загадениот воздух да ја префрли во Комисијата за здравство на чие чело стои пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Рашела Мизрахи. Во последен момент власта се откажа од намерите, и Надзорната расправа се одржи во Анкетната комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, каде претседател е пратеникот Димитар Апасиев.

Пратеникот Борислав Крмов на својот фб напиша:

„И покрај сите гнасни обиди на силеџиите од ДПМНЕ да ја саботираат Надзорната расправа за ефектите од загадениот воздух, ТАА СЕПАК СЕ ОДРЖУВА!
Сите прашања кои три децении се буткаат под тепих за некои да се богатат на нашата болест ќе ги отвориме“, напиша Крмов.

Зачлени се на нашиот е-билтен