Тројца Бугари биле дел од руска шпионска мрежа за логистика на мигрантската рута од Либија во Европа

Вања Габерова, Катрин Иванова и Тихомир Иванчев се прогласени за виновни за заговор
Вања Габерова, Катрин Иванова и Тихомир Иванчев се прогласени за виновни за заговор

Рускиот агент Јан Марсалек планирал да создаде приватна армија од 15.000 платеници за да ја контролира клучната мигрантска рута низ Либија до Европа, пишува весникот„Дејли Телеграф“.

Британскиот мрдиум наведува дека деталите од проектот биле откриени откако судот во главниот град Лондон во петокот прогласи виновни тројца Бугари дека биле дел од руската шпионска мрежа во земјата, предводена од Марсалек.

Австрискиот бизнисмен е баран од Интерпол по банкротот на германската компанија за обработка на плаќања Wirecard. Се верува дека Марсалек е во Русија.

Според британското обвинителство, Марсалек дејствувал како посредник меѓу руското разузнавање и 47-годишниот водач на бугарската шпионска група Орлин Русев.

Според претставниците на западните земји, рускиот претседател Владимир Путин се обидувал да го искористи приливот на мигранти како алатка, со оглед на фактот дека миграцијата е важен фактор за време на изборите во Европа.

Марсалек дури купи и приватна воена компанија и ги донесе првите руски борци во Либија, забележува Дејли Телеграф.

Британскиот весник коментира дека новите откритија доаѓаат во клучниот момент од војната во Украина, кога американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз неговиот украински колега Володимир Зеленски да се согласи на мировни преговори со Путин. Европските лидери претходно предупредија дека Западот може да биде преплавен од бран мигранти доколку Украина падне под руска контрола, пишува „Дејли телеграф“.

Марсалек се крие од 2020 година, кога Wirecard банкротираше со 1,9 милијарди евра кои недостасуваа во билансите на состојба. Тој успеа да побегне од Австрија со приватен авион и оттогаш е на листата на најбарани на Интерпол поради неговата наводна вмешаност во измамата.

Познато е дека Марсалек во моментов е под истрага за шпионажа од неколку европски земји, а лондонската полиција не ја исклучува можноста против него да покрене нови обвиненија.

Според новите откритија, австрискиот бизнисмен работел за Кремљ додека го водел Wirecard, германскиот еквивалент на американскиот PayPal, и планирал да ги контролира мигрантските текови од Африка со помош на еден од неговите луѓе во Велика Британија, пишува Daily Telegraph.

Британскиот весник напиша дека видел докази дека во 2017 г Австриските владини претставници ветија инвестиции од над 120.000 евра за поддршка на планот, за кој Марсалек увери дека ЕУ ќе помогне „да се реши миграциската криза“. Сепак, безбедносните мерки предвидени во планот беа задолжени за човек за кој се сомневаше дека всушност бил полковник во руското воено разузнавање, познато како ГРУ.

Според извори на „Дејли телеграф“, биле игнорирани предупредувањата до австриските и германските власти дека Марсалек е поврзан со Русија.

Додека се обидуваше да создаде милиција за да влијае на миграцијата, Марсалек ја купи руската приватна воена компанија (PMC) RSB Group, која го поддржува Калифа Хафтар, кој ја контролира источна Либија, забележува изданието.

Групацијата РСБ, која беше подложена на голем број санкции по бегството на австрискиот бизнисмен, се верува дека склучила договори за безбедност во Судан со најпознатата руска приватна платеничка милиција, групата Вагнер. Според Европската унија, Судан, кој е растргнат од крвав конфликт, е „во центарот на миграциските патишта што ги поврзуваат Источна и Западна Африка со Медитеранот и Европа“.

Платеничките групи, вклучително и Вагнер, ја поттикнуваат миграцијата со зголемување на нестабилноста и насилството во делови од Африка под нивна контрола, терајќи ги мигрантите до границите и поддржувајќи ги трговците со луѓе, велат експертите.

Според безбедносни извори, Марсалек бил вклучен во реорганизацијата на интересите на Вагнер PMC во регионот по смртта на Евгениј Пригожин, неговиот озлогласен водач, кој загина во авионска несреќа во Русија во август 2023 година – два месеци по неговиот краткотраен бунт во земјата.

Зачлени се на нашиот е-билтен