Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нова балканска кинематографија: Косовски режисерки

Први по многу нешта, интернационални бидејќи тоа е единствено можно, овие филмови ѝ даваат на Европа, но и на светот, добар увид во размислувањето што може да се заврши само со планирање на фундаментални општествени промени.

СВЕТЛАНА СЛАПШАК

Во втората деценија на нашиот век, кинематографијата на Балканот доживеа неочекувана, концептуално, продуктивно и уметнички зрела нова филмска школа, која во моментов ја сочинуваат главно женски филмски работнички – режисерки, сценаристи, продуценти и актерки од Косово. Најмногу се школувале прво на Факултетот за уметности во Приштина, а потоа и на странски универзитети. Нивните филмови – главно први – освојуваат награди на фестивали ширум светот. Тематското јадро, длабоко општествено ангажирано, е токму жената, нивната моментална положба во Косово и, без разлика, очајот поради таквата положба и таквото општество. Сите тие филмови се копродукции, кои дополнително сведочат за европската поврзаност и заедничките потреби и интереси на Балканот, особено на балканските жени.

Свадба

Првиот косовски филм во режија на жена (и напишала сценарио) е „Свадба“ на Блерта Зеќири од 2017 година. Темата е хомосексуалноста: на свадбата доаѓа маж кого младоженецот сè уште го сака. „Каде е Венера“ на Норике Сефа, исто така, се занимава со трауматични искуства на сексуалноста во патријархално општество. Режисерката е од „Прашката школа“ и со својот прв филм доби специјална награда на филмскиот фестивал во Ротердам.

Улиште (Кошница)

Блерта Башоли ги освои сите три главни награди на фестивалот Санденс со нејзиниот филм „Улиште“ („Кошница“) од 2021: Фахрије, хероината на филмот, се бори за опстанок на своето семејство по исчезнувањето на нејзиниот сопруг во војната, но нејзината патријархална средина претпочита беда и мака на жените и децата наместо да напредуваат.

Каде е Венера?

Калтрина Красниќи, со филмот „Вера сонува за морето“ (повторно дебитантски долгометражен филм, 2021 година), освои цела серија награди на фестивали ширум светот. Вера, жена на почетокот на староста, со професија, сопруга, мајка и баба, го губи сопругот кој од нејасни причини се самоубил. Заедно со ритуалистичкото, пропишано однесување, машките роднини би и го одзеле имотот врз основа на „традицијата“ дека жените не можат да бидат наследнички, а во тоа не се лишуваат од измами и криминал. Вера не им верува на институциите, кои секако не би и помогнале, и сама се впушта во борбата, со неизвесен исход.

Вера сонува за морето

Својата веќе потврдена актерска кариера Луана Бајрами со првиот долгометражен игран филм „Ридот на кој рикаат лавиците“ (2021) ја продолжува потврдената актерска кариера во Франција, а за претходниот краток филм ја доби наградата „Цезар“.

Сите овие филмови ме воодушевија, но „Ридот на кој рикаат лавиците“ е можеби најполитички фокусиран и најдлабоко трагичен, бидејќи всушност се однесува на најголемиот дел од балканската младина денес. Не се Телма и Луиз и уште една: тоа се три млади девојки во едно село во близина на Приштина, кои летото го поминуваат забавувајќи се, смеејќи се и малку дивеат низ околината. Сите три живеат во незавидни околности, изложени на патријархално насилство, принудени да помагаат и да ги носат семејните товари, дури и кога имаат мајка која ги разбира. Секој би сакал нешто друго, а студирањето изгледа како првиот чекор за спас. Првата пресвртница е кога сите три ќе бидат одбиени за прием на факултет. Однесувањето на функционерот на факултетот покажува сè – класна, патријархална и непотистичка пречка. Можната пријателка и сојузник, која дошла да летува кај баба и, а ја чита „Нана“ на Емил Зола, ја уништува секоја надеж: „таму“ нема подобро од „тука“, „овде“ можеби полесно се преживува. Ништо од пријателството, девојките се огорчени и сфаќаат дека единствениот излез е да ги прекршат сите правила.

Луана Бајрами

Зпочнуваат да крадат и лудо да се забавуваат додека го прават тоа, одат на море каде, за разлика од Вера, не гледаат излез од соништата и на крајот се враќаат во реалноста на отфрленост и целосна загуба. Не се работи за бесцелност, напротив: новиот поредок на Балканот грубо им ги одзема целите на младите, сè додека не им се приклонат на перверзните правила на новите општества. Затоа, клучната сцена на филмот е свадбата: камерата кружи околу невестата, која стои како најтажната кукла, додека сите околу неа пеат, танцуваат и викаат. Дури кога ќе се појави ТОЈ, параспурот, кој дотогаш пиел и се дружел со другарите, таа ќе се придвижи, се насмевнува и се поклонува, и со гестови полни љубов ќе му припали цигара.

Филмската поетика на сите овие наслови го следи – историски – неореализмот, се потпира на натуршчици, и без сомнение на филмовите на Шантал Акерман и Ањес Варда, значи на европскиот феминистички филм. Во сите споменати филмови се препознава доследност: тоа е деконструкција на културниот колонијализам, етно-мрак, капитализирање на страдањата, колонизирани лукавства. Тоа не е постигнато со некаков фронтален отпор и присвојување на колонизираторските стереотипи, туку напротив, со разбирање на контекстот и нужна, радикална критика на тој контекст. Косовските женски филмови се филмови на отпор, но не само косовскиот. Први по многу нешта, интернационални бидејќи тоа е единствено можно, овие филмови ѝ даваат на Европа, но и на светот, добар увид во размислувањето што може да се заврши само со планирање на фундаментални општествени промени. Ајде, да не го споменувам вистинскиот збор.

Извор: Пешчаник

Најново