Новиот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, лидерот на партијата Македонски концепт, на функцијата доаѓа со навредлив багаж.
Во 2018 година Богојески е разрешен од позицијата заменик-генералнен секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Во тоа време беше и дел од иницијаторите за реформи во партијата.
Наместо визија, идеали и посветеност на младите, неговите јавни пораки на социјалните мрежи зборуваат за нешто сосема друго: за вулгарен, агресивен и омаловажувачки однос кон сограѓаните.
Во една од репликите на Фејсбук, Богојески ѝ се обраќа на жена со зборовите: „забегани сте“ и „болни“, додека во друг коментар го прашува соговорникот „ти даваш ли газ за вечера“.
Богојески користи изрази како: Гледај си ги болестите! Шутрак!

Дел од коментарите се однесуваат и на маршевите кои беа организирани за поддршка на семејствата од Кочани кои ги загубија своите најсакани во пожарот во дикотеката „Пулс“ и кои побара целосен рестарт на државниот систем бидејќи веќе никој никаде не се чувствува целосно безбедно, еден граѓанин му вели дека поинаку се однесува на власт а поинаку во опозиција па веројатно затоа е и против зголемување на минималната плата, на што Богојески му возвраќа дека е „стока неписмена“.




Наместо европски дух и толеранција, новиот директор демонстрира говор на омраза и нетрпеливост.
Тој дури и поскаува смрт на дел од граѓаните кои не се истомисленици.
„Ајде да ве собере Бог уште малку и ќе куртули Македонија од најскапаната генерација во последните 10 века, пишува Богојевски.





Тој користи и навреди на национална основа.
„Едно прашање до шиптариве, Зошто не гласате за градските луѓе, писмени луѓе, изживеани луѓе со докажано минато, еснаф луѓе…имате такви ваши шиптари, пишува тој.
Како човек со ваков речник ќе раководи со агенција што ја спроведува програмата Еразмус+ – симбол на европска интеграција, меѓукултурна размена и почит кон различностите? Како ќе ја претставува државата пред европските партнери кога со свои зборови ја деградира таа истата јавност што треба да ја служи?
Младите заслужуваат лидер кој ги охрабрува, кој говори со почит, кој инспирира. Европа очекува достоинствен партнер, не човек кој со леснотија нарекува луѓе „будали“.








Националната агенција за европски образовни програми и мобилност треба да биде мост кон Европа, а не нова адреса за политички реваншизам и омраза и игра клучна улога во развојот на заедницата преку реализација на програми кои придонесуваат за изградба на општество засновано на напредно знаење, одржлив економски развој, нови и подобри работни места, и поголема социјална кохезија. Таа истовремено се грижи за заштита на животната средина за идните генерации, со акцент на размена, соработка и мобилност во образованието и обуката.
Кои се надлежностите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност?
Една од најважните надлежности на агеницајата е да придонесува за развој на квалитетно доживотно учење и промовира иновација, европска димензија и одличност во системите и практиките во областа на образованието и обуката.
-Помага во подобрувањето на квалитетот, атрактивноста и достапноста на можностите за доживотно учење за учесничките земји во програмите.
-Ја зголемува социјалната кохезија, активно граѓанство, меѓукултурен дијалог, еднаквост на половите и личната исполнетост преку поддршка на доживотното учење.
-Поддржува развој на креативноста, конкурентноста и претприемачкиот дух, како и подобрување на вработувањето.
-Придонесува за зголемено учество во доживотното учење, особено на луѓе од различни возрасти, вклучувајќи ги оние со посебни потреби и обесправените групи, без разлика на нивната социјално-економска положба.
-Промовира учење јазици и јазичната разновидност.
-Поддржува развој на иновативни содржини засновани на информациската и комуникациската технологија, кои се користат за доживотно учење.
-Ја зајакнува улогата на доживотното учење во создавање чувство за европско граѓанство, почитување на човековите права и демократијата, како и охрабрување на толерантноста и почитта кон другите народи и култури.
-Поттикнува соработка помеѓу сите сектори за образование и обука во Европа за обезбедување на квалитет.
-Поттикнува употреба на иновативни резултати и процеси, размена на функционални практики и континуирано подобрување на квалитетот на образованието и обуката.