Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојалновска, бранејќи го ставот на пратеничката група, во врска со одлуката да не се прифати ‘Иницијативата за одржување надзорна расправа за селективниот пристап во истрагата за трагедијата во Кочани’, жестоко го нападна барањето на ДУИ. Таа посочи дека сега не било време за надзорна расправа за трагедијата во Кочани, бидејќи власта со целата сила се борела да го најде виновникот за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој животот го загубија 61 лицЕ и беа повредени над 200 млади луѓе. Стојановска со висок тон од говорницата обвини за профитерство на сметка на несреќата.
„Сега кога се повикуваат луѓе во истрагата, вие реагирате, има 50 осомничени а вие барате надзорна расправа. ВМРО-ДПМНЕ не е против, но ајде прво да расправаме за модуларната болница, Ласкарци, Беса транс, за вакцините. Вие сакате да се повикате на етничка поделеност во општеството, ако има закони тие подеднакво ќе важат за сите. Во оној момент кога истрагата за Кочани ќе заврши, ќе направиме надзорна расправа“, рече Стојановска.
Арбана Пашоли од ДУИ, обраќајќи и се на Стојановска рече, дека сега не е време да го подига тонот на гласот, бидејќи во Македонија важат само законите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Ниту во еден момент не изјаваивме дека сме против дискусија за другите настани. Бараме дебата зашто јавноста бара одговори. Во претходниот мандат ви дадовме можност. Јас би сакала премиерот Мицкоски и Тошковски да имаат барем 10 проценти храброст од советничката од Кочани и да си поднесете оставки од морални причини. Бараме институциите неселективно да ја вршар работата. Јасно е, но и се гледа дека сите сомнежи во овие истраги се водат селективно и нема транспарентност.
Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, од говорницата истакна дека ќе беше полесно власта да ја прифатеше иницијативата за надзорна расправа за трагедијата во Кочани.
„Во изминативе 29 дена подеднакво носиме горчина и болка за тоа што се случи на 16 март. Оваа иницијатива поднесена од колегите од ДУИ не повредува никого, туку напротив дава шанса да дискутираме за тоа што јавноста го зборува. Во Уставот на Македонија, Собранието не може и не смее да има истражна функција и ние нема да се мешаме во истрагата. За да биде појасно, ние ги поддржуваме колегите кои на говорницата ги отворија прашањата и за модуларната болница, и за Ласкарци и за несреќата во Бугарија. Ова се теми за кои треба да дискутираме, но дајте да видиме прво за Иницијативата за надзорна расправа за трагедијата во Кочани“, рече Петровска.