Кога државните институции почнуваат да го игнорираат или релативизираат едно од најважните достигнувања на Охридскиот рамковен договор – официјалната употреба на албанскиот јазик – се испраќа опасна порака за иднината на државната кохезија и меѓуетничкиот соживот.
Додека се одвиваат овие сериозни процеси, албанските партнери во владата се нурнати во внатрешни спорови за претседавањето со ВЛЕН, иако секој има под 1% поддршка кај граѓаните и молчат пред овој напад на правата на албанските граѓани.
Со овој молк тие не само што го легитимираат овој пристап, туку станаа дел од проблемот.
ДУИ ги повикува институциите да ги почитуваат законите и Уставот, да престанат со јазичната дискриминација и да размислуваат за последиците од ваквиот курс.
Албанците нема да прифатат да бидат третирани како граѓани од втор ред.
Јазичната еднаквост не е привилегија – тоа е право.