Соседите веднаш понудиле помош за настраданите во Кочани, а Мицкоски размислувал за политичките последици

Запрепастувачка е изјавата на премиерот Мицкоски во која тој открива дека 16 март, кога се случи трагедијата во Кочани бил „неговиот најтежок ден во животот“.

Од повеќе аспекти е запрепастувачка.

– Тоа беа моменти кога требаше да се одлучи брзо, но мудро. Немаме совршени односи со дел од соседите, особено со еден, и кога ќе пристигне понуда за помош, веднаш размислувате и за политичките и за човечките последици – изјави Мицкоски.

Првото запрепастување доаѓа од тоа тој во таков момент размислувал што се крие зад понудата за помош што започнале да доаѓаат од соседните земји.

„Немаме совршени односи со дел од соседите, особено со еден, и кога ќе пристигне понуда за помош, веднаш размислувате и за политичките и за човечките последици“

Во еден таков момент Мицкоски размислувал за политичките последици, а потоа и за човечките.

Некој може да рече дека ваквото толкување на изјавата е злонамерно, но како воопшто може да се размислува за „политички последици“ затоа што, како што вели тој, „немаме совршени односи со дел од соседите, особено со еден, и кога ќе пристигне понуда…“.

Во еден таков трагичен контекст каков што беше пеколот во дискотеката во Кочани во кој животите ги загубија 59 млади, апусурдно е да се размислува што има зад понудата на било кој сосед, колку и да се лоши мешусебните политички односи.

Впрочем, за никој од соседите во тој момент, меѓусебните политички односи не се ставија пред хуманиот порив да му се помогне на соседот во неволја.

Впрочем, Бугарија, прими голем број, дури 15 тешко повредени, и веднаш ги згрижи и лекуваше во болниците кои беа ставени на располагање.

Зачлени се на нашиот е-билтен