Најновата студија спроведена во САД покажа дека поради растечкиот број милијардери во таа земја, до 2034 година може да има недостиг од дури 100.000 експерти од тој профил, објавија медиумите денес.
Фактот дека денес во светот има сè повеќе ултрабогати поединци го потврдува и најновата листа на „Форбс“, според која во 2025 година во светот има 3.028 милијардери, чие вкупно богатство е 16,1 трилион долари.
Овој број на милијардери е нечуен, па затоа услугите на финансиските советници се сè повеќе побарувани.
Како што објавува CNBC, проблемот е што темпото на раст на бројот на милијардери не се совпаѓа со соодветниот број на финансиски советници, па наскоро нема да има доволно од нив.
Во најновата студија на американската фирма McKinsey, се истакнува дека останува прашањето дали понудата може да ја задоволи растечката побарувачка за овој тип експерти.
Бројот на финансиски советници во САД пораснал за само 0,3 проценти годишно во последните 10 години, а се очекува да се намали за 0,2 проценти во наредните години поради пензионирањето на многу професионалци, додека нема доволно нови.
McKinsey укажува дека до 2034 година може да има недостиг од помеѓу 90.000 и 110.000 експерти.
Овој тренд не е ограничен само на САД, бидејќи финансиските советници е сè потешко да се најдат и во Европа.
Ова се случува не само поради зголемениот број на богати луѓе, туку и затоа што многу европски семејни компании не се задоволни од квалификациите на постојните советници.
Управувањето на компаниите што водат семеен бизнис е многу барано во овој поглед, а работата оди кај оној во кого имаат најголема доверба.
Затоа, наоѓањето и ангажирањето финансиски советници ќе стане голем предизвик за компаниите во иднина, особено во САД, заклучува студијата.