Тонино Пицула, известувачот на Европскиот парламент за Србија, денеска реагираше на вербалниот напад на српскиот претседател Александар Вучиќ, во кој тој повторно ја спомена трагедијата на логорот Јасеновац и упати остри критики кон европски претставници.
Повод за оваа изјава беше одлуката на Апелациониот суд во Нови Сад да ја префрли професорката Марија Васиќ од психијатриска болница во домашен притвор. Васиќ е обвинета за обид за уривање на уставниот поредок.
Izjave srbijanskog predsjednika Vučića postaju sve bizarnije u potrazi za vanjskim krivcima za sve dublju polarizaciju u Srbiji.
— Tonino Picula (@TPicula) May 21, 2025
On sam vrši pritisak na pravosuđe jer traži hitno puštanje iz pritvora nasilnika koji su ozbiljno ozlijedili studenticu u Novom Sadu.…
Вучиќ, гостувајќи на провладината телевизија Информер, изјави:
„Не ѝ недостасува ништо. Јаде и пие како змеј. Само излажавте. Пицула се вмеша. Не чуваме луѓе во Јасеновац како овие – срам да ви е.“
Тој го нападна и јавниот сервис РТС, обвинувајќи го дека не известува за здравствената состојба на уапсените млади момчиња, кои, според него, се жртви на „обоената револуција“.
Пицула: Вучиќ врши притисок врз судството
Во својата реакција на мрежата X, европратеникот Пицула напиша:
„Изјавите на српскиот претседател Вучиќ стануваат сè побизарни во неговата потрага по надворешни виновници за продлабочувањето на поларизацијата во Србија. Тој самиот врши притисок врз судството бидејќи бара итно ослободување од притвор на сторителите кои тешко повредија студент во Нови Сад.“
Пицула се осврна на случајот во кој членови на владејачката СНС со бејзбол палки нападнале студенти, при што му ја скршиле вилицата на еден од нив. Вучиќ, коментирајќи го инцидентот, рече дека тие „се бранеа сами и не сакале да извршат државен удар“.
Протести, блокади и остри поделби
Шесте уапсени опозициски и граѓански активисти беа приведени на 14 март, пред голем протест во Белград, под обвиненија за дела против уставниот поредок. Една од нив, професорката Марија Васиќ, започна штрајк со глад и жед, по што судот одлучи тројца од нив да бидат префрлени во куќен притвор. Останатите тројца остануваат во затвор, а блокадите на судот продолжуваат.
Одлуката на Апелациониот суд дојде токму на денот кога високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, ја започна својата посета на Србија, планирајќи и средба со Вучиќ.
Вучиќ, реагирајќи на одлуката, говореше за „беззаконие“ и „неправда“, и повика на отпор против она што го нарече „обоена револуција“. Обвини дека судот „попуштил под притисок на улицата“ и донел „незаконски одлуки“.
Поддршка за блокада на судот од владејачката партија
Вучиќ изрази поддршка за повикот на лидерот на СНС и поранешен премиер Милош Вучевиќ, членови и симпатизери на партијата следната недела да го блокираат судот со барање за ослободување на четворица активисти на СНС уапсени за нападот врз студентите.
По инцидентот, Вучевиќ поднесе оставка, што доведе до пад на владата. Тој објасни дека тоа е чин на „највисока политичка одговорност“.
Опозицијата: Режим во паника
Од опозицијата се огласија со остри реакции. Критиките на Вучиќ кон судот ги оценија како обид за релативизација и изедначување на политичките затвореници со осомничените за насилство. Демократската партија оцени дека:
„Ова е паничен рефлекс на режимот кој чувствува дека земјата му се лизга под нозете.“
Министерот за правда: Улицата не смее да одлучува
Српскиот министер за правда Ненад Вујиќ изрази загриженост дека промената на судската одлука би можела да биде резултат на притисок од блокадите.
„Ако одлуката е донесена под влијание на улицата, тоа претставува сериозна закана за независноста на судството и за правото на фер судење,“ стои во неговото соопштение.Bottom of Form