Синдикатот на МАНАВ: Стоп на непотребни партиски кадри

Незадоволството екплодирало дополнително со најновиот оглас распишан од тројцата директори: Владимир Ристески, Климент Чепуњоски и Фатмир Зимбери, за несуштински, непотребни кадри – советници на директорите, потоа профили со средно образование и други измислени работни места, во ситуација кога недостасуваат  нови и помлади контролори на летање.

Синдикатот на контролорите на летање на Македонија упатил предупредувачко писмо до Управниот одбор на М-НАВ дека на 10 јули контролорите стапуваат во штрајк и го затвораат небото ако итно не се престане со тајно менување на систематизацијата и со бутање непотребни партиски кадри место контролори, инженери и метеоролози, ако не се имлементира новиот АТМ (аеротрафик менаџмент) систем и не се изврши транзиција на новите технички системи.

Зачлени се на нашиот е-билтен