„Најдобриот начин да ги видите придобивките од членството е да отидете во Европската Унија и да ја видите трансформативната промена што ја има членството, особено во поновите земји-членки“.
Ова го истакна Министерот за надворешни работи и меѓународна трговија Тимчо Муцунски на дебатата „Премостување на јазот во довербара во приближувањето на Западен Балкан во евроинтеграциитте“, во организација на Атлантскиот совет говореше за значењето за полесниот пристап до европските институции во области како што се истражување, бизнис, невладини сектори.
За да го поткрепи овој аспект тој укажа на искуството од посетата на Загреб, Хрватска, заедно со премиерот Мицкоски, кога ја осведочиле „трансформативна промена што билана правена во музеј во Загреб, кој беше совршен, многу убав, многу добро организиран, одржуван и го цитираше директорот на тој музеј.
Инаку Хрватска вчера прослави 12 години од членството во унијата, период во кој во земјата се слејаа преку 16 милијарди евра од структурните фондови на ЕУ.
„Ако не беше Европската Унија, овој Музеј немаше да го има. Има капацитет каков што има во моментов благодарение на средствата што доаѓаат од различни области. Знаете, кога гледаме реформи во ЕУ, секогаш сме фокусирани на владеењето на правото, јавната администрација, добрите влади. Но, има толку многу други аспекти што треба да ги опфатиме“, нагласи Муцунски н панелот.
На панелот „Премостување на јазот во довербата во приближувањето на Западен Балкан во евроинтеграциите“, којшто беше во организација на Атлантскиот совет, одржан на на маргините на Лидерскиот состанок ЕУ/Западен Балкан и Планот за раст и којшто беше растеретен од идентитетските прашања што доминираа во медиумските известувања од лидерскиот состанок Западен Балкан/ЕУ, се идентѕификуваа и валоризираа придобивките од Планот за раст и беше јасно нагласено дека не е замена за преговарачките поглавја.
Планот за раст е алатка за развој со која наместо некогашните ветувања се се отвораат шанси за реални испораки од двете страни. И од страна на земјите од Западен Балкан и од страна на ЕУ. Исполнувањата на обврските од Планот за раст ги прават реформите видливи во предвидлив рок, а сето тоа заедно го прави проширувањето остварливо, рече Муцунски.
Министерката за европски прашања во Владата на Црна Гора Мајда Горчевиќ, се осврна и на другите важни аспекти на Планот за раст, како што е регионалната соработка.
Планот за раст не е само за развој на земјите од регионот и за нивно усогласување со стандардите на ЕУ, туку и за забрзана регионална соработка. Останува како обврската придобивките од Планот за раст и од Реформската агенда да им ги направиме видливи и да ги почувствуваат граѓаните, рече министерката од Црна Гора.
Горчевиќ уште додаде дека „заради тоа што го прави Русија во Украина, проширувањето на ЕУ мора да продолжи да биде успешна приказна.
Во таа насока може да се земе и настапот Бен Нупнау, заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, на трибината рече дека Брисел е подготвен да обезбеди дека нема да има проблеми со Бугарија откако ќе продолжат преговорите да се обезбеди процесот на проширувањето на ЕУ.
„Она што е јасно е дека идентитетот, идентитетските и билатералните прашања не се дел од преговорите. И тоа беше јасно изразено од сите лидери што дојдоа во Скопјe во последните шест месеци. Но, исто така е јасно дека сите лидери изразија дека постои пат напред и дека се согласивме за пат напред и дека треба да го продолжиме овој пат“, истакна Нупнау.
Тој нагласи дека постои преговарачка рамка и дека треба да се следи тој процес. „Сите тие (лидерите во Брисел) ја изразија својата подготвеност да влезат и да го олеснат процесот и преговорите и да обезбедат дека нема да се појават дополнителни проблеми откако ќе продолжат преговорите“, нагласи на панелот заменик шефот на Делагацијата на ЕУ во Скопје Бен Нупнау.