Гори мешана шума бор, сува трева на подрачјето на село Длабочица во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Tериторијалната противпожарна единица од општината и од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
На терен сè уште се екипи од ТППЕ Старо Нагоричане, како и од кумановската подружница на „Национални Шуми“.

-Пожарот избувна после 13 часот. На терен бевме осум пожарникари и две противпожарни возила, на помош дојдоа колегите од ТППЕ од Ранковце со две противпожарни возила и четворица пожарникари и вработени од „Национални Шуми“. Дежураме и гасневме осум пожарникари и сè уште работиме. Утринава пак продолживме, тука се и екипи од кумановската подружница на национални шуми, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.
Заменик генералниот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов соопшти дека нивни екипи сè уште се на терен и информираше дека една нивна колешка е повредена.
– Се обидуваме со сите напори да го ставиме под контрола и подоцна да го локализираме. Станува збор мешана шума мешана борова и букова, теренот е тешко достапен за возила, екипите мора да одат пеш со грбни пумпи, изјави Михаилов.