Се предлагаат законски измени за статусот на верските училишта кои се антиуставни и спротивни на секуларноста

Adam Jones from Kelowna, BC, Canada, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons
Adam Jones from Kelowna, BC, Canada, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons

До редакцијата на Рацин.мк стигнаа коментари од релевантни образовни институции кои реагираат на иницијативата за измени и дополнувања на Законот за средно образование. Според она што е најавено, со оваа иницијатива се предлагаат законски решенија со кои на учениците кои го завршиле средното образование на некое од верските училишта да им се овозможи да се запишуваат на факултет, односно да го продолжат своето образование на факултетите на универзитетите во Македонија.

Поконкретно, доколку поминат овие измени, учениците со завршено средно на некое од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и со тоа да се стекнат со право да се запише на правен, медицински или друг факултет, а доколку сака да студираат теологија нема да мора да полага државна матура и ќе се запише на верски факултет дипломата што ја издава средното верско училиште.

Во реакциите што стигнаа до Рацин.мк кои истакнуваат дека предлог измените и дополнувањата на Законот за средно образование се без никакви елементи на образовни принципи и стандарди и не се во склад со Уставот и останатите закони.

Имено според чл.19 на Уставот, како што се посочува во реакцијата, училиштата на верските заедници можат да бидат од верски карактер, но не од редовен (гимназиско, средно стручно или уметничко).

Согласно чл.22 од Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група верските субјекти можат да основаат верски образовни установи од сите степени на образование, освен од основното, за школување на свештени лица и верски службеници.

Во коментарите се вели дека овој закон е lex specialis и ја уредува правната положба на верските субјекти. Тоа значи дека не може со друг закон да се дерогира овој закон, односно дека верските средни училишта немаат право да школуваат ученици и за упис на други факултети.

Од друга страна дополнително, со Законот за средно образование, исто така е регулирано дека се забранува верско организирање и дејствување во средните училишта. Затоа законодавецот направил разлика на редовни училишта и специјализирани (верски) училишта.

Вторите, односно верските училишта, образуваат кадар за сопствени потреби.

Освен овие уставни и законски пречки со кои се во колизија предложените измени и дополнувања, се предлага законска рамка според која се овозможува учениците кои своето средно образование го завршиле во верските училишта да бидат конкурентни во високообразованите установи со недоволно изучени суштински и општи знаења.

Дополнително, реагираат од релеватнтните образовни институции, спорен е и членот 4 од предлжените законски измени според кој Православното богословско училиште и Средното исламско училиште  имаат овластување да издаваат дипломи, сведителства  и други јавни исправи за завршено средно верско образование на начин и според условите утврдени со статутот на установата за средно образование на верските заедници, иако формата и содржината на свидетелствата како јавни исправи и педагошка документација се унифицирани и донесени од МОН.

Како ќе се врши еквиваленцијата, прашуваа експертите?!

Од друга страна во предложените измени и дополнувања на законот се истакнуваат специфичностите на верските средни училишта кои се повикуваат на слобода и засебност, а од друга страна бараат рамноправност со сите други ученици кои завршиле средно образовани во државните и јавните средни училишта дефинирани во Законот за средно образование, со што се вопоставува нерамноправност зашто огромни се разликите межу образовните програми не верските со оние на државните училиштата за средно образование.

Зачлени се на нашиот е-билтен