Топлото време го зголеми бројот на пациенти во Ургентниот центар во Куманово

Со покачувањето на температурите, зголемен е бројот на пациенти на ургентно-хируршкиот центар во Куманово, информираа денеска лекарите. Повозрасни кумановци се жалат на кардиоваскуларни проблеми, проблеми со несвестица, респираторни болести. Топлото време најмногу ги погодува повозрасните, бремените жени, децата, кажаа лекарите Никола Стефановски и Дарко Каранфиловски од општа болница Куманово.

– Станува збор за повозрасни пациенти се жалат на потешки симптоми на главоболки, нарушена на свест, тахикардија, нарушено дишење, сува уста, дехидратација, кажаа докторите Стефановски и Каранфиловски.

Покрај општите препораки да не се излегува надвор во периодот од 10 до 17 часот, да внесуваат течности, да носат лесна и светла облека, лекарите препорачуваат внимателен избор на храна и претазливост во движењето за работспособните лица.

– Во тој период лицата коишто работат и кои се изложени на високи температури пожелно е тоа да се регулира, дали ќе одат во смени, претпладне и попладне, малите деца да се пазат, да не се оставаат значи во автомобили. Оние кои имаат клима да вклучат, оние кои немаат да ги затемнат прозорците, вратите, ролетните да се спуштат, препорачува д-р Стефановски.

Внесувањето на лесна храна и течност од најмалку два до три литри е клучно, но и електролити кои треба да се внесат преку супи, чорби. Како што објаснува доктор, Каранфиловски, храната треба повеќе да е насочена кон јаглехидрати варени компир, ориз, зеленчук, овошје она што е побрзо сварливо и дава енергија, сварлива и донесува до зголемување на енергијата во телото.

– Доколку се случи лице да има сериозни последици, тогаш е потребно да се соблече, да биде покриено со влажни облоги, што побрзо да се стави во сенка или пак климатизирана просторија, кажа Каранфиловски.

Лекарите препорачуваат да се контролира притисокот и да се зема редовна терапија.

Зачлени се на нашиот е-билтен