Порталот Рацин.мк е впишан во регистарот на онлајн медиуми на АВМУ

Порталот Рацин.мк од денеска и официјално е впишан во регистарот на издавачи на онлајн медиуми – интернет портали на Агенцијата за аудио и визуелни медиумски услуги (АВМУ).

Со промените во Законот за медиуми, ова беше следниот чекор за порталот Рацин.мк со што стекнувањето на статусот регистриран онлајн медиум истовремено е и признание за определбата на овој портал да да го заземе своето место во медиумскиот простор како место за вистинити информации, длабински анализи и други медиумски формати коишто, во светот преплавен со дезинформации им обезбедува на читателите содржини на кои им веруваат.

Агенцијата за аудио и визуелни медиумски услуги целиот процес на донесување на Регистерот на онлајн медиуми го водеше инклузивно со конструктивност и респонзивност за да го олесни процесот на регистрирање.

За Рацин.мк останува и понатаму приоритет нашата цел да ги почитуваме и следиме највисоките стандарди на журнализмот и на нашите читатели да им го испорачаме најважното на најдобар можен начин.

Зачлени се на нашиот е-билтен