Европратеничката од Словенија, со македонско потекло, Ирена Јовева, во одбрана на македонскиот јазик и идентитет

Ирена Јовева, европратеничка од Словенија од партијата „Движење за слобода“ и дел од парламентарната група „Обнова на Европа“ со македонско потекло во објава на социјалните мрежи се вклучи во дебатата за македонскиот јазик и идентитет и праша: Дали мислите дека стварно постојат „модерни” јазици?

Јазикот, напиша Јовева е живо битие, знам, но за мене тоа “модерен јазик” е на пример сленг, кој постојано се менува или се прилагодува на младите и понекогаш е тешко да се следи. А можеби само сум стара или „старомодна”, секако не “модерна”, нели?, прашува европратеничката со македонско потекло од Словенија

А што е со јазикот на еден народ, прашува понатаму таа. „Еден јазик може да има неколку верзии, знам, но тоа – исправете ме ако грешам – се нарекува дијалект. Меѓутоа, не постои ситуација во која што еден јазик, формално признат, одеднаш станува „модерен”. Чисто поради тоа што некој, ете, решил да го нареше така. Сѐ е во духот на добрососедските односи, нели, иронизира Јовева.

Таа појаснува зошто го пишувам сето ова.

„Затоа што идната недела, на пленарната седница во Европскиот парламент, ќе гласаме за извештајот за – цитирам – “Европската комисија за Северна Македонија” за последните две години.

Тоа се сосема нормални, традиционални годишни извештаи, образложува Јовева, со единствена цел: да бидат професионални, фер и засновани на критериумите за напредокот на земјата кандидат. Тоа се извештаи кои што НИКОГАШ не треба да станат алатка за разјаснување на работи кои немаат НИКАКВА врска со критериумите за процесот на пристапување.

Накратко: оригиналната верзија на текстот на извештајот, постигнат во преговорите на политичките групи, е реална, информира европратеничката. „Ама одредени политичари не би биле политичари ако не прават драма во врска со сѐ што е поврзано со македонскиот народ, јазик и идентитет“.

„Тие сакаа во текстот го вклучат зборот ‘модерен’. Модерен македонски јазик. Сѐ е во духот на добрососедските односи, нели? Е па, нема да може. Да ви кажам … многу добро разбирам дека политиката е прашање на компромиси, кои не се нужно секогаш најдобри. Ја разбирам и емоционалноста до која доагја кога станува збор на одредени теми. Но НИКОГАШ нема и не сакам да разберам како европските институциии можат толку лесно да станат простор каде – под изговор на парламентаризам, па и на европеизација – цветаат националистички ревизионистички идеи. Простор каде што институционалната моќ се користи за еднострани обиди на примени не само на минатото, туку дури и на сегашноста. Или модерноста, ако сакате“, оценува европарламентарката Ирена Јовева.

Таа вели дека мора да се избира страна, таа ја избира страната каде што идентитетот на нацијата е оставен на мир, каде што јазикот на нацијата е оставен на мир.

„Од срце ѝ посакувам сѐ најдобро и најубаво на татковината на моите родители. Но, за жал, таму е има сѐ освен тоа. Интересите на политичарите – од сите страни – не треба да бидат парохиски, националистички интереси и манипулации. Нивниот интерес треба да биде народот. И не, не само едниот. И не, не двата народа. Туку на СИТЕ“, порача на социјалните мрежи европарламентарката Ирена Јовева од Словенија со македонско потекло.

Зачлени се на нашиот е-билтен